Соопштенија
СДСМ: Знаат само за блокади, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат сè што е во интерес на државата

Од владејачкиот СДСМ реагираат на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокадите во Скопје и неколку града низ Македонија. Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, продолжува да прави штета на интересите на граѓаните и ги поткопува државните позиции и дипломатските процеси за постигнување напредок во евроинтеграцијата на државата.
„Блокадите, антидржавното дејствување се сè што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести околу односите со Бугарија. И лани на крајот од годината Мицкоски јавно среде Скопје ширеше хистерија дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот. Правеше протести за одбрана на насилниците и криминалците, кои упаднаа во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, вработени во парламентот. Сред пандемија организираа јавни собири на кои ги прекршуваа мерките за заштита, додека граѓаните се бореа со пандемијата, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше морбидни перформанси ред Министерството за здравство“, потенцираат од СДСМ.
Од владејачката партија додават дека Мицкоски правеше протест со, како што рекоа, луксузни возила против сиромаштијата во државата, правеше протест против покачување на цената на струјата, а тој ја зголеми за 100%.
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со блокади и опструкции нанесуваат директна штета на граѓаните и на државата. Го блокираат Законот за изградба на клинички центар, тие се против наставниците и стручните работници, против припадниците на Армијата, против минимална плата, против враќање на парите кај граѓаните. Сè што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира“, стои во писменото соопштение од СДСМ.
Според нив, без оглед колку лаги, конструкции и шпекулации изнесува Белата палата, без оглед колку протести и блокади прави ВМРО-ДПМНЕ, не може да избега од вистината дека државата оди напред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, прифатија сè што бараше Бугарија, а ескалираа односите. ВМРО-ДПМНЕ апелира навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неколкупати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но Владата е таа што има политичка моќ и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.
И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори, без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувањата, има некој криминал, кој сакаат да го скријат.
Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос што власта го покажува на дело е најголемиот пораз што може да ѝ се случи на Македонија, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мора да се извини за договорот ФРОНТЕКС, само нека го поддржи

Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ, дека ќе станел бугарски дијалект, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги за македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста. Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС, ВМРО-ДПМНЕ има шанса да го поддржи, со што барем малку ќе го испере срамот од лажните вести, навредите и клеветите.
Имаат можност преку гласање за ратификација на Договорот на дело да го поддржат евроинтегративниот процес како стратешка цел и единствена алтернатива на државата, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам откога му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека поради неговите деструктивни политики и дејствувањето против интересите на граѓаните и државата, Мицкоски стана заложник на Левицата и на Апасиев и затоа тој честопати е поекстремен и порадикален во своите настапи за да не заостане зад Апасиев.
Сè што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, се вели во соопштението.