Соопштенија
СДСМ: Извештајот на „Економист“ нотира пофалби за успешно спроведени избори во време на пандемија

Индексот на демократија на „Економист“ нотира пофалби за Република Северна Македонија како успешен пример поради начинот на кој беа организирани и спроведени изборите, што е значаен успех имајќи ги предвид специфичните околности и предизвици за организирање успешен изборен процес во време на пандемија и здравствена криза, велат од СДСМ.
„Две години по ред државата бележеше напредок на индексот откако претходно 10 години по ред вртоглаво паѓаше, а за 2020 се забележани благи негативни моменти, кои се должат на две причини, односно поради рестрикциите, кои секако беа неопходни во време на пандемијата и здравствената криза, како и поради недостиг на напредок во политичката култура, што главно се должи на лажни вести, на политички радикализам, самовластие и неказнивост за кои има и јавно познати виновници. Работата на државните институции во време на пандемија, но и однесувањето на опозицијата и нивните кадри во преодната влада, однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се исто така дел од индексот на демократија на ‘Економист’“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека се свежи сеќавањата како се однесувале членовите на преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како се однесувале Наќе Чулев и Христијан Мицкоски во однос на прекршување на многуте мерки и задолженија, како и нивна неказнивост.
„По подолг период, во 2018 и 2019 година, рангирањето на Северна Македонија на индексот на демократија на „Економист“ беше подобрено откако минавме 10 години во стагнација и па, кога бевме квалификувани како хибриден режим. За потсетување, најдобиот резултат на нашата држава беше забележан во 2006 година пред да се инсталира режимот кога резултатот беше 6,33-индексни поени“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата сѐ уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ преку соопштение информираат дека изминатите недели Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ често биле во хотелот Мериот.
„Белиот дворец е во паника по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“, бидејќи Мицкоски не успеа да го спаси и заштити криминалот на режимот. Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните. Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Според нив, на граѓаните останува да проценат зошто партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ се организираат токму во Мериот и дали тоа можеби е поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијалков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од партијата на власт.
Додаваат дека, Мицкоски е најповикан да одговори дали се среќавал и со Сашо Мијалков, и според нив, правдата и силната реакција на институциите го спречиле сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков.
Соопштенија
СДСМ: Просечната плата за три години порасна за скоро 4.500 денари

Од владеачката СДСМ влеат дека економските мерки дале резултати, а просечната плата за три години пораснала за скоро 4.500 денари.
„Просечната плата во декември 2020 година изнесуваше 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година. Просечната плата за три години, од декември 2017 до декември 2020 година, порасна за 18,63 отсто односно за речиси 4.500 денари од 23.850 на 29.294 денари“, анализираат од СДСМ.
Според нив, растот е три пати поголем во однос на периодот од 2014 со 2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, односно за 1.443 денари.
„СДСМ се грижи за граѓаните, веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори“, велат од оваа парија.
Додаваат, дека ќе продолжат со реализација на политики кои обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камерите го прави во 16.40 часот

Коалицијата Заев – Мијалков сè повеќе излегува на виделина. А доказите се насекаде. Мијалков се појавил во Јавното обвинителство во 16 часот, а театарот пред камерите го прави во 16.40 часот, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да прави циркус пред камерите?
„Мијалков, наместо веднаш во куќен притвор, глумел изненаден и му правел на Заев простор за промоција. Дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил ‘фолксваген пасат’? И каде бил претходно? Две минути откога се снима Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук-објава, каде што се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека режијата е премногу очигледна.
„Заев и Мијалков цело време се во комуникација. А да не беа ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да може да прават вештачка криза во ВМРО. Планот на Заев пропадна. Одговорност мора да има за сите, па и за Заев“, пишува во соопштението.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран