Контакт

Соопштенија

СДСМ: Извештајот на ЕК го препозна напредокот во областа на правосудството

Објавено пред

Извештајот на ЕК го препозна напредокот во областа на правосудството, реформите продолжуваат, доаѓа време на ред, правда и дисциплина, велат од СДСМ.

„Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, кој нотира напредок во областа на правосудството, изборите и борбата против корупцијата е доказ за посветеноста и потврда на успешните политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Истовремено, извештајот е дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата, сите институции, да работат уште повеќе посветено на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем“, се наведува во соопштението.

Европската комисија, додаваат од таму, во извештајот јасно наведува дека со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година, се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но и дека многу ќе зависи од неговата соодветна примена.

„Извештајот понатаму наведува дека како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство и дека треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат натамошни промени во оваа област. Во однос на владеење на правото и фундаментални права, односно Поглавје 23, извештајот наведува дека државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област“, пишува во соопштението.

Ова, додаваат од СДСМ, е потврда за успешноста на досегашните реформи и подготвеноста на СДСМ да продолжи посветено да работи на достигнување на европските стандарди.

„Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

Заев од Конгресот: Победите на СДСМ се победи на граѓаните

Објавено пред

На 15 јули граѓаните испратија јасна порака, дека државата мора да продолжи на вистинскиот пат, а на тој пат е најсигурно со СДСМ, победите на СДСМ се победи на граѓаните, победи за подобар живот на сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 25. партиски Конгрес.

„Темелите на овие победи ги поставивме уште во 2015 година, преку „Вистината за Македонија“ и најголемиот граѓански протест од 17 мај, 2015 година. Потоа се случи и Шарената револуција, најмасовната и најразнолика форма на граѓански, слободарски отпор против режимот. Во 2016 заедно со сите граѓани урнавме режим! Месеци подоцна, по неуспехот на режимот да спречи демократски промени и неуспешниот државен удар на 27 април, ја добивме честа и одговорноста да формираме демократска влада. Заедно со граѓаните ја вративме слободата и демократијата. До 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува. Слободата и демократијата се заедничка победа наша, на СДСМ, со нашиот народ. За тоа сме горди и тоа е наш аманет, наша вредност, да ја чуваме и да ја унапредуваме слободата и демократијата.

Убедливо победивме на локалните избори во 2017, во над 50 општини ширум земјава.

Во 2018 година над 610.000 граѓани гласаа ЗА членство во НАТО и ЕУ, ЗА договорот од Преспа, за да одиме напред. 610.000 граѓани тој ден, излегоа од дома и дадома огромна, масовна поддршка за патот напред. На тој референдум видовме дека патот напред нема достоен противник.

На изборите во 2019 година Северна Македонија доби Претседател, дефиниран и предложен од СДСМ, поддржан од многу политички партии, од сите етнички заедници на државата. Тоа го може СДСМ, тоа СДСМ го прави најдобро, обединува, води напред. И повторно победа, како јасна потврда на курсот по кој ја водиме земјата, како верификација на нашите јасни и изричити евроатлантски и демократски определби.

Победивме на парламентарните избори оваа година, на 15 јули и еве не денес, ја имаме честа и одговорноста да продолжиме да ги предводиме институциите, да работиме во интерес на граѓаните и државата.“ порача Заев.

Тој истакна дека сите овие победи се мотив уште повеќе и уште подобро да се работи во интерес на граѓаните.

„Имаме мотив, имаме волја, имаме и сила и енергија да продолжиме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.“ посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

Објавено пред

Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче – нема вакцини за грип, нема проширени болнички капацитети, ниту план и стратегија, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени. Велат дека власта предлага мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ посочило дека треба да бидат направени уште во март, кога почнала пандемијата, но тогаш власта немала слух и сега се видливи последиците од нивниот игнорантски однос.

„Филипче тврдеше дека во текот на целата пандемија ќе заболат 2000 луѓе, сега тој број на луѓе заболува за само една недела. И кога виде дека се што презема не вродува со плод, почна да спроведува тоа што ВМРО-ДПМНЕ кажа, но со задоцнување од 7 месеци. Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март, дополнително на располагање на јавното здравство треба да се стават сите млади лекари и пензионери, исто така власта требаше да го искористи летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но ништо од тоа не е направено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека целиот хаос по болниците и стравот кај граѓаните е предизвикан од неспособноста и надмениот однос на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека министерот Филипче треба да си даде оставка, и да се формира нова специјална комисија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, треба да покаже доблест и да си поднесе оставка веднаш, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, очигледно е дека Владата и Филипче не се способни да се снајдат во целата ситуација со коронавирусот.

„Од почетокот на пандемијата до сега немаат ниту една добра мерка донесено која вродила со некаков плод. Поради погрешните политики на Филипче и Комисијата за заразни болести во Македонија нема прекин во пандемијата односно поради нив пандемија е во континуитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува и дека Филипче нема кредибилитет, го поминал цело лето без да направи подготовки, а не е инвестирано ниту во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар и опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет9 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија11 час

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија12 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион13 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион16 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа16 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион18 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ19 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија20 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија21 час

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија21 час

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија2 дена

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион2 дена

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет2 дена

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 дена

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија2 дена

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија2 дена

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија2 дена

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Досие