Контакт

Соопштенија

СДСМ: Интерпелацијата на Филипче ќе биде уште еден дебакл на опозицијата

Објавено пред

Поразена и фрустрирана ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го поткопува здравствениот систем – интерпелацијата на министерот за здравство, Венко Филипче, ќе биде уште еден дебакл на опозицијата, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Неодговорноста и деструктивноста, која го карактеризира дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија на коронавирусот, кулминира со конструирани случаи и со барање за интерпелација на министерот за здравство, Венко Филипче. Поради теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ свесно и со умисла го поткопува здравствениот систем, му наштетува на угледот на државата и создава атмосфера на јавен линч на секој што ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините“, велат од партијата.

Од СДСМ велат дека до пред некој ден на ВМРО-ДПМНЕ му пречело тоа што наводно институциите биле бавни во набавката на вакцини, а денес критикуваат зошто институциите прават напори да обезбедат вакцини од што е можно повеќе производители.

„Нека се одлучат што точно им пречи. Она што навистина им пречи е високиот степен на доверба на министерот Филипче и целиот здравствен систем, кои покажаа како треба да се справува во една здравствена пандемија. Очигледно сето ова е резултат на фрустрацијата што Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не може да го одбранат криминалот во својата партија, што правдата ги стигнува сите, па дури и оние за кои се мислеше дека се недопирливи. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на сите порази од граѓаните и од правдата ќе го додадат и дебаклот со неоснованата интерпелација за министерот за здравство“, велат од СДСМ.

Економија

СДСМ: Ковачевски обезбедува струја, енергенси и парно во пресрет на зимата, поддршка за граѓаните и фирмите

Објавено пред

Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси. Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима. Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%. Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската. Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.

Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата за евтини енергенси стои, а Ковачевски да прифати и дебата со претседателот Мицкоски на тема енергетска криза

Објавено пред

Дезертерот Ковачевски да смогне сили и да го прифати планот на Мицкоски за обезбедување двојно поевтина струја и стабилно парно греење за Скопје. Со планот кој претседателот Мицкоски го предложи ќе се набават енергенси, мазут и гас, за ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, по цени кои одговараат на преткризната состојба, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека со набавка на евтин гас, цената на парното во Скопје нема да има потреба да се зголеми, а ТЕ-ТО ќе може да произведува 200 мегавати на час струја, по цена под 200 евра за мегават час, струја која ќе оди за стопанството кое сега плаќа струја и по 600 евра за мегават час.

Со евтин мазут ќе може да се обезбеди и работа на двете турбини во ТЕЦ Неготино и цена на струја од нешто над 150 евра за мегават час.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вкупно ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО имаат производствен капацитет од скоро 400 мегавати на час, и со тоа ќе се обезбеди речиси 10.000 мегават часови струја на ден, која ќе биде во дијапазон од 150 до 200 евра за мегават. Оваа струја ќе биде сосема доволна за бизнисот, кој ќе има и до 4 пати пониски сметки од сегашните.

Дезертерот Ковачевски да се охрабри и да ја тргне суетата на страна. Потребни се реални мерки веднаш. Дополнително да не дезертира од дебата на тема енергетика и да избере место и време, со цел соочување со претседателот Мицкоски и фактите, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Ново покачување на пензиите од 6,8 отсто за сите 330.000 пензионери

Објавено пред

Грижата за граѓаните и политиките на Владата предводена од СДСМ доведоа до рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери добија септемвриска пензија поголема за 6,8 отсто. Во апсолутни бројки, просечната пензија е зголемена за 1.074 денари и денес таа изнесува 17.422 денари или близу 300 евра, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека ваквото рекордно зголемување на пензиите се должи на новата методологија што Владата ја договори заедно со здруженијата на пезнионерите во март оваа година.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа60 минути

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Украина има целосна контрола врз Лиман со најзначајното освојување на бојното поле на Киев во последните неколку недели, за кое...

Македонија2 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија2 часа

Пронајдено машко тело во Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобилот

Пронајдено е машко тело во реката Вардар, а во моментов се идентификува дали станува збор за 22-годишниот кумановец кој излета...

Македонија3 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија3 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион6 часа

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет6 часа

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет22 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион24 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија1 ден

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија1 ден

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион1 ден

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа1 ден

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија1 ден

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија1 ден

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија1 ден

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија2 дена

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа2 дена

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...