Контакт

Соопштенија

СДСМ: Клучни 10 позитивни економски придобивки за граѓаните и фирмите во 2018 година

Објавено пред

По 11 години уназадување и економско осиромашување на граѓаните, во 2018 економијата се продвижи во вистински правец, има стабилен раст, пораснаа и платите, се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Планот за економски раст ги даде очекуваните резултати, велат од СДСМ.

„Како клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки во 2018 година се издвојат:

1.Раст на економијата во два квартала. Во вториот квартал од 2018 година, економијата односно бруто домашниот производ порасна за 3,1 отсто. Во третиот квартал растот е 3 отсто.

2. Просечната плата се зголеми за 5.7% од почеток на годината. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажува раст на просечната плата и таа изнесува 24.817 денари.

3.Зголемена е миниминалната плата од 9 илјади на 12 илјади денари и важи за сите стопански гранки. 90.000 работници сега добиваат поголема минимална плата.

4.Отворени се нови 14 илјади работни места за граѓаните.

5. Порасна бројот на вработени во индустријата . Во периодот јануари – ноември 2018 бројот на работници во индустријата е зголемен за 6,3 отсто во однос на истиот период од 2017 година.

6. Раст на индустриското производство. Во период јануари – ноември 2018 индустриското производство бележи раст од 5.2% во споредба со истиот период лани.

7. Невработеноста се намали и сега изнесува 20.8 проценсти.

8. Зголемена е финансиската поддршка за земјоделците. Тоа придонесе, оваа година да се постигне највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока откупа цена на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).

9. Извозот е за 16% повисок во однос на лани.

10. Повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 18% во однос на минатата година, изнесува 370,7 милиони евра.

Соопштенија

ДУИ: Административците вработени со средно, добија можност за напредок во кариерата

Објавено пред

Од вчера (први јуни) стапи на сила Законот за административни службеници со кој ја олеснивме можноста за унапредување на државните службеници, а кој исто така подразбира и прифаќање на високото образование за сите државни службеници кои се примени на работа со средно, а во меѓувреме завршиле факултет, порача на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Како што рече тој, со оваа измена на сите државни административци кои работат на работни места со средно образование, а во меѓувреме, до усвојување на Законот имаат завршено високо образование, ќе им се признае, односно ќе им се вреднува високото образование.

„По овој повод да им честитам и им посакувам успеси на сите државни службеници за понатамошно развивање и унапредување во кариерата“, истакна на пресот Авзиу.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Калеска -Ванчева: Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките или ќе мора повторно карантин

Објавено пред

Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со вирусот Ковид-19 и во услови кога има покачување на бројот на новозаразени, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Здравствените установи не се оптоварени, капацитетите се празни, а голем дел од новозаразените се или без симптоми или се со благи симптоми и се на домашно лекување, појава што ја има и во други земји. Но сепак, останува заедничката одговорност да се заштитиме од коронавирусот. Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките за заштита или ќе мора повторно да се враќаме на рестриктивни мерки, како што е карантинот или полицискиот час“, кажа таа.

Затоа, додаде Калеска-Ванчева, е неопходно сите заедно, безусловно да ги почитуваме мерките за заштита, да носиме маска секогаш кога е тоа потребно, да држиме физичка дистанца и да не се групираме.

„Сите овие поголеми бројки, на кои сведочиме деновиве, се директна последица на неколку фактори. Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата, Чулев јавно порача дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките. Целата јавност ги гледаше масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, само Чулев ги игнорираше и свесно не преземаше ништо. Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе да имаме вакви бројки“, рече таа.

Второ, додаде Калеска – Ванчева, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми, тоа значи дека се тестира во точно утвдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Кластерите на заразени воопшто не им се познати на надлежните

Објавено пред

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со коронавирусот и смета дека на надлежните воопшто не им се познати кластерите на заразени.

Партиската Комисија денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати.

Со оглед на големата бројка на новозаразени во 24 часа, Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија2 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион3 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет4 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет4 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт5 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа5 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет5 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет16 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет17 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија17 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија22 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија22 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија23 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион1 ден

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија1 ден

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 ден

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Досие