Контакт

Соопштенија

СДСМ: Кога и да се одржат избори, СДСМ е апсолутен фаворит

Објавено пред

Кога и да се одржат избори, СДСМ е апсолутен фаворит, а тоа е потврдено и со истражувањата на јавното мислење, кои покажуваат дека СДСМ е партијата со најголема дoверба кај граѓаните, реагира СДСМ на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој рече дека предвремени избори треба и мора да има. 

„Јавноста, граѓаните, ги препознаваат испорачаните резултати, препознаваат дека за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите завршуваа во белиот дворец, денес сè повеќе пари завршуваат во семејните буџети и во реални мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст и развој. Успешноста на економските политики на СДСМ и Владата, кој ја предводи, се потврдуваат преку раст на СДИ, кои само за една година пораснаа 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 година на 737 милиони долари во 2018 година. Без скапи кампањи, рекламни роуд-шоуа, на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше милиони евра, денес реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4.800 вработувања“, велат од СДСМ.

Од таму велат дека денес растот на БДП изнесува рекордни 4,1 отсто, дека за време на ВМРО-ДПМНЕ економијата била во длабок минус од 1,8 отсто, а граѓаните и фирмите оставени во долгови и сиромаштија.

„Платите растат во континуитет, а позитивната економска клима резултира со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто. Наместо капитални инвестиции во барок, споменици, жални врби и палми, денес навистина се инвестира во развој и унапредување на инфраструктурата. Колку и да е тоа несфатливо во ВМРО-ДПМНЕ, денес се гради како никогаш досега. До овој момент изградени и рехабилитирани се над 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од 540 милиони евра. Владата предводена од СДСМ во овој момент инвестира над 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура, а истовремено се гасифицира целата држава, се градат нови водоводи и канализации. СДСМ останува посветен на реализација на мерките што обезедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безидејноста, одбраната на криминалот и деструктивно однесување. СДСМ испорачува резултати, а ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, нема идеја, ниту програма“, велат од СДСМ.

Соопштенија

СДСМ: Нова исчадена петарда од режимските портали, изборите во 2014. ги украде Груевски, а не Заев

Објавено пред

Нова исчадена петарда на режимските портали кои штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, токму Груевски ги украде изборите во 2014 година, велат од СДСМ преку соопштение.

„Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали .

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија.

Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не превзело ништо.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

Поразот на овој тандем ќе биде потврден на слободните и демократски избори на 12 април. Граѓаните ќе им кажат „не“ на обновата на режимот и враќањето на заробената држава!

Граѓаните нема да ги поддржат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не објавува бомби, туку исчадени петарди

Објавено пред

Од СДСМ велат дека обвинувањата на Игор Јанушев оти власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис се само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека дека партијата на Христијан Мицкоски е целосно потоната во матрица на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат ситни политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби претстојните парламентарни избори, исто како што бил случајот и со последните локални и претседателски избори.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Петров: Креираме политики за младите да успеат во татковината

Објавено пред

Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики што ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина. Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ за доделување младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој рече дека со оваа мерка опфатени се сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност.

„Мерката ги опфаќа и младите лица вработени во произвоствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување. Нашата цел преку оваа мерка е поттикнување на вработувањето на младите лица во производствена дејност по завршувањето на средното образование. Со оваа мерка истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите, но и ги задоволуваме потребите на работодавците со квалификувана работна сила“, рече Петров.

Покрај младинскиот додаток, додаде тој, дел од системот мерки што успешно беа спроведени и реализирани е и „Младинската гаранција“, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега вработени се речиси 6.000 лица.

„Во Собранието е усвоен и Законот за младинското учество и младинските политики. Со овој закон првпат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади. Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младинските политики и има цел зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политиките за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната улога во општеството“, рече Петров.

Тој рече дека е намалена стапката на невработеност кај младите на 35 отсто, која во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ била 48,2 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија4 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ5 часа

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет6 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет6 часа

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет6 часа

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа7 часа

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија7 часа

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет7 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија22 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија22 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија23 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија23 часа

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија1 ден

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија1 ден

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија1 ден

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет1 ден

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет1 ден

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија1 ден

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Досие