Соопштенија
СДСМ: Милошоски да поднесе оставка откако документи потврдија дека бил осуден во Германија

Пратеникот Антонијо Милошоски мора да се извини и да си даде оставка од функцијата пратеник, откако информациите во медиумите се поткрепени и со документи дека пратеникот во Германија бил осуден и казнет за кривични дела, велат од СДСМ.
„Ова е срамен и нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и доказ дека ништо не се менува во оваа партија, дека таму сè уште силно е присутна криминалната, режимска матрица“, стои во соопштението од СДСМ.
Додаваат дека со ваквиот чин се нарушува меѓународниот углед на државата и истовремено уште еднаш се покажува вистинското антидржавно и неодговорно лице на Милошоски и Мицкоски.
„Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, знааат дека Милошоски ја злоупотребува говорницата во Собранието да шири лажни вести, знаат дека тој и Мицкоски се на браникот на криминалот“, истакнуваат од СДСМ.
„Милошоски да не се крие, да престане да лаже и да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието“, бара партијата на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал ја тресе државата, вратен предлогот Фрчковски да биде амбасадор во САД

Државата ја тресе нов скандал, вратен е предлогот Фрчковски да биде амбасадор во САД поради тепање жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев со нов скандал за лице претставник на државата во најмоќната земја го прати Фрчкоски, кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров. Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија. Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ што ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија.
Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето Фрчкоски да биде амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал и ја посрамоти Македонија.
Фрчкоски е четврти дипломат што му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ги поткопува западната алијанса и НАТО? Дали Заев, по шлаканицата од САД, го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград?
За кого работи Заев, за Македонија и НАТО – сигурно не!“, се наведува во партиското соопштение.
Соопштенија
„Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.
„Ова е текстот на изјавата:’Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата’ – завршен цитат“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“.
Тој кажа дека ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.
„Ние, националните и патриотските сили во државата, нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“, рече Бачев.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Каков е тој нов концепт за кој говори Царовска, без план и програма

Изјавата на Мила Царовска дека новата концепција значи нов стандард и квалитет во образованието и подобра инфраструктура не се ништо друго, освен празни зборови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ништо од изнесеното не е поткрепено со факти, па ја повикуваме да објасни каков е тој нов стандард и квалитет само со наставен план, без наставни програми, за кои вчера рече дека допрва ќе распишува конкурс, а наставниците ќе ги обучува преку летото. Нов квалитет без посебни предмети и вовед во науките, со интегрирана историја и географија, со посебен осврт на севкупно сексуално образование и јога? Каков квалитет би бил тој што не е во согласност со мислењата на најголем број релевантни фактори од образованието, ниту со најголем број наставници, па ни со Синдикатот? БЕЗ УЧЕБНИЦИ? Нов квалитет со фингиран избор на ментори?“, прашаа од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека власта на СДСМ, кога се ближат избори, тогаш почнува со политичка кампања со стари лаги и нереализирани дадени ветувања.
„Откако под превезот за унапредување на средните стручни училишта направи кампања за својот шеф Зоран Заев, Мила Царовска тргнала во посета на општини за исполнување на истата оваа цел. Мила Царовска ветувањата дадени пред 4 години ги поврзува со концепцијата“, се наведува во партиското соопштение.
Како што се додава, по четири гидини, пред локални избори добро се сетила дека требаше да ги среди инфраструктурните услови во основното училиште „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во Хром, да ја заврши доградбата за сите паралелки и за доградбата на градинката.
Ваквите лицемерни постапки повеќе не поминуваат кај граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер