Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски, Бачев и Иванов ќе останат запаметени како некои што работеа против иднината, но беа поразени

Објавено пред

Македонскиот идентитет е загарантиран еднаш засекогаш и признаен од целиот свет, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска рече оти останува запишано дека 81 човек во парламентот ги промениле името и идентитетот.

Според СДСМ, уставните измени се неопходен чекор кон исполнување на врвните стратешки приоритети на државата.

„Врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ѓорге Иванов и Јанко Бачев, се дел од мала маргинална група која е против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Бачев и Иванов ќе останат запаметени како некои што работеа против иднината, но не успееја, беа поразени. Целиот демократски свет го поздравува спроведувањето на договорот од Преспа преку усвојување на уставните измени, со што се отвора патот за полноправно членство во ЕУ и НАТО“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додадава дека само антизападното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски продолжува да работи спротивно на државните и националните интереси.

„Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и антизападните политики на Мицкоски ги очекува пораз на какви било избори. Затоа бараат, ама се молат, да не ги добијат. Кога ќе има избори, не зависи од желбите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, туку од приоритетите на граѓаните и државата“, стои во соопштението, во кое исто така од владејачката партија порачуваат дека кога и да има избори, какви и да бидат тие, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Бачев може единствено да се спремаат за пораз.

Соопштенија

СДСМ: Со лажни вести за редефинирање Мицкоски сака да предизвика внатрешни поделби

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со месеци лажеа за градење кампови и станови за мигранти, лажеа за наводни федерализации и кантонизации, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за редефинирање на државата и политичкиот систем.

Од владејачката партија сметаат дека ваквите лажни вести сè уште една потврда дека, како што велат, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, односно дека Мицкоски е ист како Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што се против напредокот, против интеграција на државата, со ваквите невистини очајно се обидуваат да го вратат времето на поделби и тензии во кое со години ја држеа државата заробена“, стои во партиската реакција.

Во неа се додава дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не може да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција и единствените што навиваат за неуспех на државата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Заев во Тетово бил на средба за редефинирање на државата

Објавено пред

Зоран Заев бил на средба во Tетово посветена на редефинирање на државата меѓу двата изборни претседателски круга, посочи на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковки, кој истакна дека ваков заклучок се наметнува од молкот и, како што рече, очигледното бегање на Заев од темата за политички пазар на сметка на националните интереси.

„Зоран Заев тргува со интересите на државата за да ја сочува власта и за да продолжи со коруптивните зделки за богатење на картелот што го води. СДСМ не смогна храброст да побара одговор од Зоран Заев на прозивките за средбата во Тетово, каде што за политичка поддршка договарал политичко редефинирање и исцртување нови граници. Ова е сериозна тема, ова се пресериозни прашања за кои мора да има одговор“, нагласи партискиот портпарол.

Стоилковски наведе дека со ова уште посериозни стануваат сомнежите оти и најавениот попис е дел од политичкиот пазар за опстојување на Зоран Заев на власт.

„Во насока на средбата во Тетово за која нема одговор од Заев, се надоврзува и фактот дека Република Македонија повторно остана без преговори за членство во ЕУ, а вицепремиерот се закани дека во таков случај постои опасност државата да се распадне. По таа негова изјава, почнаа да се шират и идеи за отворање пат за создавање федерализација на Македонија и на Косово за да се формира федерална унија со Албанија, а сето како последица на непочнувањето на преговори за ЕУ“, рече Стоилковски додавајќи дека актуелниот премиер се посветува на сè поголемо деспотство во партијата во насока на политичкиот пазар за опстојување на власт.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот порача дека потребна е обнова на Македонија, која, како што рече, ќе почне со падот на политичките пазари на Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски исто како Груевски сака да ја вовлече државата во изолација

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, констатираат од СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што навиваат за неуспех и единствените што работат против интеграцијата во обид да ја вратат државата назад во, како што се вели, темното минато на изолација.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси. Затоа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ наведуваат дека граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток10 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија10 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија14 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија16 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија16 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија17 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски18 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион19 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести2 дена

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт2 дена

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет2 дена

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет2 дена

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие