Соопштенија
СДСМ: Мицкоски да каже која е неговата поврзаност со скандалот со криминалните парцели

Од СДСМ преку соопштение бараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се огласи по прес-конференцијата на Славјанка Петровска.
„Во јавноста секојдневно излегуваат детали за скандалозна препродажба на земјиште, каде што вмешани се функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу нив е и Влатко Илиевски, човек од личното обезбедување на Мицкоски, кој продал земјиште по неверојатна цена од 500.000 евра.
Наместо да се крие зад портпаролите, Мицкоски да излезе пред јавноста и да одговори каква е неговата поврзаност со овој скандал?
Дали со негово одобрување и знаење се склучени договорите?
Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?
Затоа ли брзаше да се изгласа недоверба на Владата за да го скрие овој скандал“, се прашањата што јавно ги упатија од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Ги охрабруваме надлежните институции во целост да го расчистат случајот со приведеното лице вработено во ООУ Александар Македонски

Ја поздравуваме одлучната акција на Министерството за внатрешни работи во чии рамки се лишени од слобода повеќе лица од Скопје под сомнение дека се работи за лица кои меѓу другото се занимавале со недозволена трговија со дрога. При тоа изразуваме загриженост заради информацијата која излезе во јавноста дека едно од овие лица е во подолг временски период вработено како наставник во основното училиште Александар Македонски кое се наоѓа на територија на Општина Аеродром, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата ги охрабруваат сите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за целосно расветлување на случајот во најкраток можен рок со цел да се заштитат и учениците од потенцијалните штетни влијанија, но и угледот на наставничката професија која е неопходно да биде реализирана од поединци кои негуваат високи професионални, морални и етички стандарди.
Дополнително, ги охрабруваме институциите надлежни за реализација на воспитно-образовниот процес да преземат превентивни мерки за кревање на јавната свест во насока на спречување на инциденти од ваков тип во кои се инволвирани лица кои се дел од воспитно-образовниот систем.
Како одговорна партија будно го следиме овој случај до неговото целосно расветлување, а дополнително изразуваме подготвеност активно да придонесеме кон креирање на централни и локални политики кои подразбираат нулта толеранција за сите појави кои претставуваат потенцијална опасност по здравјето, воспитувањето и образованието на нашите деца, се вели во соопштението.
Економија
СДСМ: Ковачевски обезбеди помали сметки, а поголеми плати и пензии

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на здравствена, економска и енергетска криза докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани. Преку одговорен и домаќински пристап обезбеди помали сметки, а поголеми пензии и плати. Просечната плата во државата, за пет години порасна за 44 проценти и се искачи на 34.364 денари. Минималната плата од нецели 9.000 денари во 2017 година, достигна износ од 20.175 денари,се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека сите 330.000 пензионери од овој месец добиваат пензии зголемени за 8,4 отсто, а веќе во септември ги очекува ново усогласување на пензиите.
Истовремено Владата предводена од претседателот Ковачевски, со замрзнување на цените на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, ги намали сметките на домаќинствата и обезбеди олеснување за семејните буџети.
Со субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја домаќинствата плаќаат само 20 проценти од потрошената електрична енергија.
За СДСМ граѓаните се на прво место, неуморно работиме на подобрување на животот и стандардот на народот, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски само чува позиција за премиер од ДУИ, Груби и Османи му ги бројат деновите

Ковачевски само мисли дека е премиер, вистината е дека тој е само извршител, а вистинскиот газда полека се покажува. Ковачевски само премостува од неговиот претходник до неговиот наследник. Бујар Османи јавно го посрамоти Ковачевски, и му покажа каде му е местото, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека додека Артан Груби прави шеми со надзорот од 22 милиони евра, додека брат му купува дуќан во сред центар на Скопје по цена од 700 евра за квадрат, Ковачевски мора да молчи и да грее фотелја за некој од ДУИ.
Ковачевски не смее да се спротивстави на ништо, бидејќи знае дека било што да каже, тој веќе може да не биде премиер, а другата опција се избори, кои знае дека ќе ги загуби, и затоа молчи и глуми англиска кралица, се вели во соопштението.