Соопштенија
СДСМ: Мицкоски застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија

Со своето недржавничко однесување Христијан Мицкоски ја погази и застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на блоката од страна на Бугарија, обвинуваат од СДСМ.
„ Во Резолуцијата за македонските позиции, под број 4, се бара продолжување на европските интеграции со „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“ велат од СДСМ.
На ниту едно место во оваа резолуција, како што појаснуваат од владејачката партија, не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, како што велат, и во името на самата Резолуција е создржана суштината, дека се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија.
„ Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија. Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“
Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание? Очигледно свесно и намерно“ се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

Расте нервозата во Белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието по налог на Мицкоски, се обидуваат да создадат тензии и инциденти, за да го одбранат криминалот, соопшти владејачката СДСМ.
„ Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки. Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ се виновниците кои го предизвикаа инцидентот во Комисијата за европски прашања.
Но тоа не е прв пат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование, кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието“ се вели во соопштението.
СДСМ, како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни, порачаа од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот го чувствува осиромашувањето и националното понижување, а го гледа и насилството на власта

Насилството на Арбр Адеми покажува дека нервозата во владеачката коалиција станува се поголемо. Но таквата нервоза нека си ја манифестираат по дома или на партиските состаноци, а не во собранието, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Да навредуваш, влечеш, гаѓаш со тврди предмети и да расфрлаш инвентар не доликува никаде, а најмалку во законодавниот дом. За ова свое поведение Арбр Адеми треба да одговара пред Јавното обвинителство бидејќи со намера се обиде да нанесе тешки повреди на свој колега пратеник. Ако имаат доблест СДСМ и Ковачевски нема да се прават наивни и да релативизираат туку ќе побараат тргање на имунитетот на Арбр Адеми и одговорност.
Целата јавност го виде насилството на Адеми и тука не им поминуваат оправдувања за хибридни напади, странски служби или играње на национална карта. Адеми дивееше и тоа го виде секој“ се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека доколку пак на СДСМ и на ДУИ ваквите инциденти им се смислено сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста, и тогаш се лажат.
„ Граѓаните ем ќе го запамтат дивеењето и примитивизмот на власта во Собранието, но во исто време ќе го чувствуваат осиромашувањето кое им се случува со двоцифрената инфлација и новото поскапување на струјата. Граѓаните ќе ги памтат и испадите на Адеми и на Талат Џафери, ама и распродажбата на националните и државните интересеи која се прави на тајните преговори за протоколите кои треба да ги содржат сите бугарски барања.
Граѓаните гледаат со каква насилничка, неодговорна, ненародна и криминогена власт си имаат работа и затоа бараат промени. Тие промени ќе се случат на следните предвремени парламентарни избори“ порачаа од опозициската партија.
Македонија
СДСМ: Нема да дозволиме хаос, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спаси криминалците, сите ќе одговараат

Од партијата на власт оценуваат дека секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии, а вчера, како што појаснуваат, дури се обиделе да испровоцираат и физичка пресметка на седницата на Комисијата за европски прашања.
„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш, ама секогаш, е против функционален судски систем. Проблемот со недостиг на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши, само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите што директно водат до белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети“, се истакнува во реакцијата од СДСМ.
Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, додаваат од таму, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат.
Не е првпат, потенцираат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да се однесува агресивно и деструктивно кога се работи за закони за правдата, така се однесуваше и при носењето на Законот за Јавното обвинителство, го блокира и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.
„Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ, треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата. СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат хаос, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ги спасува криминалците, секој што згрешил пред законот, ќе одговара!“, се прецизира во писмената реакција од СДСМ.