Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски не ги повикува Вељаноски, Милошоски и Димовски да поднесат оставки

Објавено пред

Мицкоски молчи и не сака да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ, за кои се водат судски постапки за сериозни кривични дела, да си дадат оставки, велат од СДСМ.

„Мицкоски во белиот дворец чека наредби од својот шеф а во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се уште седат пратеници против кои се водат судски процеси за сериозни кривични дела. Илија Димовски, Трајко Вељаноски и Антонио Милошоски не поднесуваат оставки и тоа говори многу за ВМРО ДПМНЕ. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата матрицата на Никола Груевски“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците Вељаноски, Милошоски и Димовски да си поднесат оставки од своите функции.

„Тоа е најмалку што треба да го сторат, а со тој потег би се избегнала каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет се додека во некзините редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела“, велат од СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Единствена Македонија: Лидерски средби меѓу две албански и две македонски партии се неприродни и штетни

Објавено пред

„Зоран Заев повторно, којзнае кој пат, за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н. лидерски средби во исклучиво тесен круг учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење сè што е македонско“, соопшти Единствена Македонија.

Партијата упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби.

„Решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства и, второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштита на виталните национални и државни интереси.

Ги потсетуваме Заев и Мицкоски дека во татковинската војна во 2001 година Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии поради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Новиот случај од Обвинителството е доказ за владеење на правото

Објавено пред

За СДСМ, актуелниот случај поведен од Обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – Обвинителство – МВР, кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, велат од владејачката партија.

„Државата изгради институции и создаде систем кои се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, стои во соопштението.

Воедно, од СДСМ ги охрабруваат и ги повикуваат надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага и да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во земјата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сигурно знаел за рекетарската сага на Боки 13

Објавено пред

Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму повикуваат исто така да се објави кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни објавени во медиумите и кој е јавниот обвинител за кого се зборува дека соработувал со нив.

„Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сума, утре може да ги снајде некое злодело“, се наведува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во овој случај станува збор за институционален криминал, кој невозможно е да бил спроведуван без знаење на, како што се вели, аболираниот криминалец Зоран Заев.

„Впрочем, и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага туку дека знае и кои лица се кријат зад псевдонимите. Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани. Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од оваа рекетарска и криминална банда, вклучително и функционерите од Владата и СДСМ“, повикуваат од опозициската партија, од каде што додаваат дека СДСМ и Зоран Заев мора што побргу да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија39 минути

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија2 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија4 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет5 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион6 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет6 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија7 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа8 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија15 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија18 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион20 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија22 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Досие