Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски останува на страната на коронавирусот и дејствува опасно за здравјето на граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ на чело со неспособниот Христијан Мицкоски продолжува да тера морбидна партиско-политичка кампања на тема Ковид со континуирани опструкции и лажни вести, велат од СДСМ.

„Мицкоски грчевито се држи за својата фотелја во белата палата иако трипати беше поразен на избори, а сега, оправдувајќи се со загриженост за здравјето на граѓаните, бега од уште еден дебакл, со неизлегување на предвремените локални избори во Штип и Пласница. Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, напротив, тој е опасен за јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Кога почна пандемијата, велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исмеваа со коронавирусот, велеа дека е изговор за одложување на изборите, лажеа дека нема доволно тестови и заштитна опрема, ги делеа лекарите по партиска основа.

„Сакаа да ги одложат парламентарните избори за наесен, поради лажна загриженост за здравјето, а целата кампања ја истераа со масовни собири, со целосно игнорирање на мерките за заштита. По изборите, продолжија со кочењето и саботирањето на системот и мерките, а истовремено организираат собири, на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита. За дополнително поткопување на сите напори за справување со кризата, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски, зборува дека коронавирусот не е опасен и дека не треба да се носат маски, со што ги збунува граѓаните“, велат од СДСМ.

Граѓаните, додаваат од партијата, знаат дека СДСМ носи мерки за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува.

„Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи и инвестира во лекарите, а ВМРО-ДПМНЕ за 11 години не направи ништо за здравствените работници. Граѓаните знаат дека СДСМ има капацитет на организира фер и демократски вонредни локални избори, безбедни за здравјето на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ бега од изборно соочување. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште долго ќе останат во опозиција“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: ДПМНЕ, среде пандемија со 500 неразумни амандмани го кочи Законот за здравствена заштита

Објавено пред

Срамно е што среде пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со 500 амандмани се обидува да го блокира усвојувањето на измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години, соопшти СДСМ.

„ Ова е вистинското нехумано лице на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост за здравјето на граѓаните и продолжение на опструкциите што од почетокот на пандемијата ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.

Во многу сериозен период од пандемијата со коронавирусот додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, неодговорната опозиција работи на штета на граѓаните.

Сега со поднесување на илјадници апсурдни и бизарни амандмани на предложените измени на собранискиот Деловник, со кои би се овозможила работа на далечина на пратеници што се во изолација, како и со кочење на Законот за здравствена заштита, опозцијата се обидува да го направи парламентот нефункционален кога треба да се носи Буџетот за 2021 година, кога 300.000 граѓани чекаат платежни картички, а компаниите финансиска поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и надвор од него прави блокади и деструкции, кои се опасни и штетни за државните и национални интереси, спротивни на интересите на граѓаните.

Собранието е тука да им служи на граѓаните, а не на политикантството на ВМРО-ДПМНЕ, кое поради лицемерно и неодговорно однесување е во опозиција и уште долго ќе остане во опозиција“ се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот

Објавено пред

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од КОВИД вирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители.

Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека се е под контрола. А, контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со саати да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта. Нивните лаги убиваат за жал секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи.

Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и КОВИД вирусот“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев важни му се црните бизниси што во Штип треба да минуваат преку Сашко Николов

Објавено пред

Додека Македонија умира и секојдневно се соборуваат црни рекорди од коронавирусот, на СДСМ му е важно да има градоначалник во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно животите на граѓаните не се важни за СДСМ, туку бизнис-интересите на Зоран Заев, кои треба да поминуваат преку Сашко Николов во Штип. Затоа, им се брза за избори кога луѓето ги губат животите“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доколу на СДСМ му се важни животите на граѓаните, Сашко Николов немало да оди на избори, туку како лекар ќе помагнел во здравството во ситуација кога во земјата недостига медицински кадар.

„Бесплатните маски што ги ветуваат потценувајќи ги граѓаните, досега требаше да ги обезбедат, а не да ги уценуваат со победата на Николов“, додаваат од опозициската партија нагласувајќи дека со ваква власт ниту Штип ниту Македонија не е во сигурни раце.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија21 минута

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија43 минути

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион54 минути

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската унија за...

Свет1 час

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа14 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија15 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија16 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија17 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија20 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен20 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ20 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет21 час

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет22 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија22 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет22 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион23 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ23 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа24 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет1 ден

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Досие