Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски сака обнова на криминалниот режим, но тоа нема да го види

Објавено пред

Нема поголем грабеж на државата и граѓаните од 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш Христијан Мицкоски не можеше да ја види, заслепен од своите бизниси со хидроцентрали добиени во време додека го советуваше Груевски како да ја поскапи цената на струјата за 100 отсто, порача СДСМ.

„Знае Мицкоски што е најголемиот грабеж, тоа е скапоцениот дворец со скапоцената тераса од која добро се гледа мегакриминалниот проект Скопје 2014.

Додека ВМРО-ДПМНЕ потроши над 600 милиони евра за лажен барок, гипс-картон, стиропор, споменици и палми, здравството се распаѓаше, а во кругот на Клиничкиот центар во Скопје со години зјаеше огромна дупка оградена со тараби, симбол на лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе изгради нов клинички центар.

Денес Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со тоа што парите не одат во скапоцениот дворец, туку се враќаат кај граѓаните, се инвестираат во патишта, водоводи, градинки, болници, училишта, за реални потреби на граѓаните.

Затоа Мицкоски е против изградба на нов, модерен клинички центар, најголема гринфилд-инвестиција во здравството.

Затоа Мицкоски е против „зелената нафта“, против повратот на ДДВ кај граѓаните, против повисоки плати и пензии, против секоја мерка што е во интерес на граѓаните.

Обновата на државата почна со падот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски сака обнова на криминалниот режим кој ги осиромашуваше граѓаните и државата, но тоа нема да го види“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

(Видео) Нелоски: За две години, Заев ги задолжи граѓаните со 914 милиони евра

Објавено пред

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра, а можеби и стотина илјади евра на медиумите за партиско рекламирање, истите тие се задолжуваат за само еден ден со нови 300 милиони евра на грбот на граѓаните и на грбот на идните поколенија и нашите деца, обвини Владимир Нелоски од член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со вчерашното задолжување долгот што Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра нето. За само 31 месец, Заев ја задолжи државата со 910 милиони евра, а притоа не направи ништо. Нема проекти, нема инвестиции. Има само криминални тендери и партиски вработувања.

За цели 10 месеци од оваа година, Зоран Заев успеа да реализира само 40 отсто од предвидените капитални инвестиции, а да не правеше ребаланс, со кој се скрати од парите наменети за развојни проекти, тие ќе беа 36 отсто.

Ова е очајно. Не можат да го исполнат ниту она што самите на почетокот на годината си го поставиле во план за реализација. Но, затоа немаат проблем кога треба да се задолжат и да земат нови милиони евра кои ќе може да ги делат на криминални тендери.

Ситуацијата е алармантна, плановите за задолжување и економската политика на СДСМ се катастрофални. Расипништвото мора да запре. На недомаќинското работење мора да му се стави крај. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќинско управување со долгот на државата, кој го враќаат граѓаните, а не некои си политичари“, истакна Нелоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Глас за Македонија: Бугарската академија отворено го негира постоењето на македонскиот јазик

Објавено пред

Партијата Глас за Македонија на Солза Грчева најостро реагира на, како што велат од таму, шовинистичките и, пред сè, ненаучни изјави на Бугарската академија на науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик.

„Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин. Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безброј стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници и лингвисти од целиот свет“, се наведува во соопштението на политичката партија.

Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија составена од експерти од двете земји бидејќи, според нив, таа има цел да ги избрише македонската нација и македонскиот јазик.

„Овој штетен договор, секако, не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува“, сметаат од партијата на Грчева.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Со долгот од 400.000 евра за кампањата ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ има долг од речиси 400.000 евра за неплатени обврски за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори. Бидејќи сметката за изборната кампања, од која треба да се наплати овој долг е затворена, ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик, каде што јасно е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка“, соопшти СДСМ.

Според партијата, одговорност за ваквото прекршување на законите мора да има првенствено од овластениот потписник на сметката, односно генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако навистина е за почитување на законите, како што тврди, Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност Игор Јанушев, кој е потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно Мицкоски ќе покаже дека е ист како својот ментор Никола Груевски, кој сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија47 минути

Фросина Ременски врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија1 час

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот “Талир”, на почетокот од судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет2 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет3 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет3 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија14 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет14 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет15 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа16 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет16 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт16 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија20 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа20 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија21 час

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија21 час

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија23 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија23 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија24 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија1 ден

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Досие