Соопштенија
СДСМ: Мора еднаш засекогаш да се затвори незаконската амнестија на Иванов

Наместо да кажат дали ќе го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорни предлози кои се во функција на одбегнување на правдата, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Игор Јанушев, кој обвини дека со последните случувања Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски.
„Игор Јанушев и Христијан Мицкоски да не вртат од околу, туку да ги повикаат пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување поднесено од СДСМ со кое се става крај на незаконската аболиција од Ѓорге Иванов. Мора еднаш засекогаш да се затвори незаконската амнестија на Иванов. Секој што се огрешил пред законите мора да одговара, а сите започнати предмети и истраги мора да добијат правна разрешница“, се наведува во партиската реакција.
Во неа се додава дека предлогот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во суштина значи дека сите од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години краделе треба да бидат амнестирани, да не одговараат, па потоа да им се забрани да се занимаваат со политика.
„Тоа е несериозно и срамно. Одговорноста мора да биде на прво место. Затоа прво треба да ја затвориме нелегалната амнестија на Иванов, па да разговараме и за други предлози“, сметаат од владејачката партија.
Во однос на предлогот на Мицскоски за испитување на имот на функционери, сметаат дека е задоцнет бидејќи, како што велат, таква проверка веќе се случува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидува да ги спречи реформите во правосудството

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидува да ги спречи реформите во правосудството и да ги блокира процесите што ќе значат успешна борба со криминалот и правда за сите, обвини Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ.
„Преку блокади на законски решенија, со поднесување стотици амандмани, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го спречат изгласувањето клучни закони за кои имаме поддршка и од Европската Унија. За предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители, кој на денешната собраниска седница е во второ читање, ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 950 амандмани. Јасна е намерата на опозицијата да го блокира законот, кој треба да обезбеди создавање квалитетни судии и обвинители“, рече таа.
Калеска-Ванчева рече дека за овој предлог-закон владејачкото мнозинство на комисиката седница прифатила повеќе амандмани поднесени од опозицијата.
„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не е заинтересирана за квалитетни законски решенија, не е заинтересирана за реформи во судството. Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ е заинтерсирана е да го штити судството, кое дели селективна правда и кое ги штити нивните партиски функционери. Ние како одговорно владејачко мнозинство тоа нема да го дозволиме. Одговорност за секој сторен криминал и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните мора да има и ќе има. И покрај сите блокади, реформите во судството ќе се спроведат и Република Северна Македонија ќе добие правосуден систем кој ќе биде гарант за правна и еднаква држава“, рече таа.
Соопштенија
(Видео) Костадинов: Пратениците да го поддржат законот за одбрана, кој е важен за усогласување со НАТО-стандардите

Денеска, во Собранието пред пратениците е законот за одбрана. Важен системски закон, со кој се обезбедува приспособување на НАТО-стандардите. Законот за одбрана е последниот чекор во целосното приспособување на законодавството со НАТО-стандардите, изјави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.
„Оттука, ги повикуваме сите пратеници, од сите политички партии, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат овој закон. Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ на дело да покаже дека навистина е за членство во НАТО. Пред граѓаните презедовме обврска да ја обезбедиме иднината преку членство во НАТО. Ова е значаен чекор кон таа цел и затоа неодговорно е сега некој да тера дневна партиска политика“, рече тој.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев за еден ден ја задолжи Македонија со 300 милиони евра

Зоран Заев губи контакт со реалноста. Наместо најавените 216 милиони, како што беше најавено, се задолжи со плус 80 милиони и со тоа за еден ден го зголеми долгот на државата за речиси 300 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека откако Заев е на власт, јавниот долг на државата се зголемил вкупно 914 милиони евра.
„Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра. Загрижувачки и недозволиво е јавниот долг за 31 месец да порасне за нови 914 милиони евра, а притоа нивото на капитални инвестиции да е најниско во историјата на државата со 40 отсто за цели 10 месеци од годинава или 36 отсто доколку не направеа ребаланс. Сите влади за 15 години од 2002 до 2017 година ја задолжиле државата со 3 милијарди евра, а Зоран Заев за три години 914 милиони, односно безмалку 1 милијарда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми