Контакт

Соопштенија

СДСМ: Над 16.000 матуранти се во неизвесност поради политизација на штрајкот на СОНК

Објавено пред

Од владејачкиот СДСМ оценуваат дека над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК.

dobivaj vesti na viber

Од нив, како што потенцираат од оваа партија, околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не може да полагаат испити во јуни. Според СДСМ, загрозени се и уписите на оние матуранти што своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само поради уценувачкиот однос на раководството на СОНК.

„Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита од 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза. СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците над 21 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи само 4 отсто. Уцените и политичкото дејствување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес. Учениците мора да се вратат на наставата, која толку им е потребна“, се додава во соопштението на СДСМ.

Правото на образование на децата, како што појаснуваат од оваа партија, е уставно загарантирано и не смее да се дозволи поради политичка агенда да им се загрозува.

Соопштенија

Партијата за движење на Турците го oдбележа 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк

Објавено пред

Партијата за движење на Турците (ТХП) во преполната сала на Филхармонија на Северна Македонија во еуфорична атмосфера го прослави 19 Мај – Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот.

dobivaj vesti na viber

„На настанот кој беше проследен и со музички дел присуствуваа претставници на политички партии, невладин сектор, дипломатски претставници, универзитетска професори, како и голем број млади“, информираат од партијата.

Пред присутните свои обраќања имаа претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој ја истакна важноста на нераскинливите длабоки врски меѓу турската заедница и Република Северна Македонија, осврнувајќи се на потребата за негување на општествената кохезија и концептот на едно општество за сите, како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која упати честитки по повод 19 Мај.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пациенти болни од рак оставени без терапија, владата и министерот загрозуваат десетици животи

Објавено пред

90 пациенти на кои им е потребна биолошка терапија за колоректален, оваријален и цервикален карцином цел месец не можат да ја примат потребната терапија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Пациентите немаат примено терапија затоа што МЗ не распишало тендер за набавка на лековите.

Под ризик се и пациентите со рак на бели дробови, бубрег и дојка, за кои во наредните неколку месеци ќе се исцрпи потребната терапија.

Министерството за здравство да не си игра со животите на луѓето и веднаш да распише оглас за набавка на сите потребни терапии.

Дали власта сфаќа дека нивната неспособност убива луѓе?

Неспособноста и во здравството е една од причините зошто мора да има избори. Народот не смее да страда поради криминогеноста и неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците

Објавено пред

Демократската унија за интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура. Во услови на најголемата економско-енергетска криза, ДУИ продолжува со политиките на зголемување на платите, со што преку отворениот дијалог го вреднува трудот на работниците. Со овој постигнат договор уште еднаш се докажува дека преку социјален дијалог може да се постигне договор кој е прифатлив и достапен за сите, а со ова вработените во образованието веќе од септември да имаат повисоки месечни плати за 15 отсто, историско покачување на плати, се вели во соопштението од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат се систематски посветени за подобрување на животниот стандард на вработените во образованието, потсетувајќи дека на ова зголемување од 15 отсто му претходеше кумулативното зголемување од 21 отсто од 2017 година, период кога со Министерството за образование раководеше кадар на ДУИ.

Зголемувањето на месечните плати е во согласност со одлуката да реализацијата почне од месец септември оваа година, додека на сите вработени во образованието кои штрајкуваа да им се даде целосна плата.

Паралелно со зголемувањето на платите во образованието, продолжуваме да ја дефинираме методологијата за постепено зголемување на платите, со што ќе се заштити стандардот на наставниците и истовремено ќе се отстрани политичкото влијание од образованието.

Демократската унија за интеграција, низ овие 20 години се покажа како одговорна партија која стои покрај граѓаните и истата ќе продолжи и во иднина да го подобрува животниот стандард, дури и во услови на економска криза, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Архиескопот Стефан во Белград: Денешниот чин е лек со кој се залечува раната на телото на црквата

Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во...

Регион2 часа

Младиот човек чие тело беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш, позната е и причината за смртта

Младиот човек чие тело е пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според српски „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи...

Македонија4 часа

Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град...

Македонија4 часа

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15...

Македонија5 часа

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави...

Свет5 часа

ОН: Светот би можел да се соочи со глад што ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации. Генералниот секретар Антонио...

Свет6 часа

(Видео) Буш: Инвазијата на Ирак беше неоправдана… грешка, мислев на инвазијата на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност...

Македонија7 часа

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј доцна синоќа го пречека македонскиот – господин господин Стефан и тројца највозрасни митрополити. Тие...

Свет16 часа

Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша...

Регион17 часа

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на...

Свет19 часа

Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува...

Македонија19 часа

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кому му ја честита победата на претседателските...

Македонија20 часа

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Владата донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за...

Регион24 часа

„Блиц“: Објавена фотографија од маицата пронајдена на телото во Дунав, иста таква имал и Матеј Периш

Тело на засега непознат млад маж е пронајдено утрово во Дунав кај Ада Хуја во Белград, јави српската агенција „Танјуг“,...

Економија1 ден

Бензините поскапуваат за два и пол денари, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија1 ден

ЕУ е во заложништво, Македонија има шанса која нема да постои во наредните години, Османи со критики до Бугарија

„Во заложништво е најуспешната политика на Европската Унија, а тоа е политиката на проширување“. Ова е ставот на министерот за...

Економија1 ден

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. Премиерот...

Европа1 ден

Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското...

Европа1 ден

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во Северна Кореја се искачи на речиси 1,5 милиони, а експертите велат дека...

Економија1 ден

Путин: Отфрлањето на руската нафта – економско самоубиство за ЕУ

Со отфрлањето на руските енергетски извори, Европската Унија претставува економско самоуништување за ЕУ, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир...