Контакт

Соопштенија

СДСМ: Над 55.000 евра месечно ги чини граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Над 55.000 евра месечно ги чини граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Само за основните плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно. Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Исто така, врз грбот на граѓаните. Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари, кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги добиваат од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека наместо да ги заработат, тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии што ги водат и прават штета на граѓаните што ги плаќаат. Граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони кога веќе решиле намерно да не работат.

Над 55.000 евра месечно, во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.

Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е најдеструктивната досега, која работи исклучиво на штета на граѓаните и државата.

СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и ќе ги донесе законите, кои се од интерес на граѓаните, се вели во соопштението.

Економија

Катастрофалното менаџирање на енергетската криза ќе доведе до уште повисоки сметки, велат од опозицијата

Објавено пред

Енергетската политика на СДСМ и ДУИ е еднаква на енергетска катастрофа, заради таа катастрофа следи ново покачување на електричната енергија, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Од партијата коментираат дека намаленото домашно производство на електрична енергија е рекордно најниско изминативе години, и е причина за енормните сметки за струја на граѓаните, општините и стопанството.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека „катастрофалното менаџирање на енергетската криза ќе доведе до уште повисоки сметки кои ќе ги плаќаат граѓаните наредниот период“.

„Наместо да произведуваат струја, владата на СДСМ и ДУИ единствено мислеше на криминалните тендери во РЕК Битола. Вчерашната хаварија со поплавата во РЕК Битола и сликата во која се наоѓа енергетскиот систем во Македонија. Со години хаварија во енергетскиот систем. Државата ги остави општините во долгови заради огромните сметки за електрична енергија. Наместо општините да решаваат инфраструктурни проблеми, преку реализација на проектите, тие мака мачат да ги платат огромните сметки за струја.

За разлика од сите енергетски компании во светот кои работат профитабилно, ЕЛЕМ е пред банкрот заради тоа што не произведува електрична енергија и увезува поскапа струја за 7-8 пати. Недоволното производство на струја, празните акумулации, криминалните тендери за фиктивен ископ, тендери во 4 очи и богатење на фирми блиски од фамилијата Заеви се причината за огромните високи сметки за струја на граѓаните и стопанството.

Оваа катастрофална состојба во енергетскиот систем треба што поскоро да запре. Премногу е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

Објавено пред

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ?

dobivaj vesti na viber

Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ?

Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да одговори за инцидентот во Чаир и вмешаноста на луѓе блиски до ДУИ

Објавено пред

„Молк од Оливер Спасовски и МВР за вооружената пресметка во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Спасовски со денови се крие и не одговара како во центар на Скопје се пукало кон полиција, а истото лице кое пукало било пуштено да си замине од местото на настанот.

Ова не е прв пат Спасовски да молчи и да бега од јавноста за криминални пресметки, убиства или пукање кон полиција.

Нема одговор дали лицето кое пукало кон полицијата веќе една година има наредба од СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворска казна?

Јавноста бара одговори дали за целиот овој случај има видео и во самото видео е и Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек на БЈБ?

Исто така нема одговор дали заменикот директор на БЈБ, Арифи е снимен како врши притисок кон полициските службеници за ослободување на лицето кое пукало кон нив? Дали Арифи влијаел врз полициските службеници при пишувањето на нивните службени белешки од настанот.

Овој случај е еден од низата кои изминативе години се случија во министерството за внатрешни работи. Нерасчистени убиства, пресметки меѓу криминални банди, грабежи, вмешаност на полициски службеници во криминал, но ниту еден случај нема завршница и не е разрешен.

МВР не смее да биде испостава на СДСМ и ДУИ и да служи како заштитник на криминалот и криминалците од власта.

Молкот за злосторствата на Спасовски во МВР не смее да помине неказнет. За секој криминал во МВР ќе има одговорност. Македонија не смее да биде земја на криминалците и криминалот. Премногу е!“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000...

Македонија4 часа

Поплава во рудникот Суводол по вчерашното невреме, ископот на јаглен продолжува во отежнати услови

Силното невреме од дожд и град предизвика поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат...

Македонија5 часа

Руската црква: Му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква

Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) го поздрави враќањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во единство со Српската...

Македонија6 часа

Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба...

Топ7 часа

Веднаш откако бил осуден за семејно насилство, скопјанец ја нападнал поранешната сопруга во близина на судот

На паркинг во близина на кривичниот суд, скопјанец физички ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга веднаш откако бил осуден за...

Свет7 часа

Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини. „Донбас ќе...

Свет7 часа

„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на...

Свет8 часа

Украина негира дека во нејзина нуклерна централа биле пронајдени големи количества на плутониум

Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето...

Македонија18 часа

Притвор за осомничените за продажба на парцели за “ЕВН електрани”

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение...

Регион18 часа

Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот...

Свет22 часа

Русија тврди: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Европа23 часа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија1 ден

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет1 ден

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија1 ден

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија1 ден

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион1 ден

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет1 ден

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија1 ден

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија1 ден

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...