Контакт

Соопштенија

СДСМ: Најавите за блокада на еколошката такса докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од антидржавната матрица

Објавено пред

Најавите за блокада на еколошката такса докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ни за милиметар не е поместена од антидржавната матрица, велат од СДСМ.

„Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема нова понуда, нов концепт на повидок. Провидна лага се наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ, партија чии деструктивни и расипнички политики 11 години ја изолираа и држеа во заложништво државата и брутално ги понижуваа граѓаните. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да понудат нов концепт сè додека одржуваат тесни врски со луѓето од мрачното минато на државата“, се наведува во соопштението.

Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ за време на преодната Влада блокирала поставување модуларни болници, а денес силно се противи на изградба на нов клинички центар.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеа на растот на платите и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ се противи над 4.700 наставници и стручни соработници да добијат трајно вработување. Најавата за блокада на еколошката такса е силна потврда дека оваа партија е сè уште нереформирана, дека единственото нешто што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат да понудат се блокади и деструкции. Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа наесен ќе им испорачаат нов пораз на погубните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Легализацијата на криптовалутите ќе биде од бенефит за граѓаните и трговијата кон странство

Објавено пред

Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија претходно најави дека ќе изготви законско решение и ќе го поднесе до Собранието, за да ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Според решението, граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година.

„Со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија, а на правните лица ќе им се овозможи да вршат плаќања кон странство кон своите добавувачи или клиенти во криптовалути, и сето тоа да биде формално регистрирано како да се работи за жирално плаќање, со тоа ќе се овозможи поголема брзина во трансакциите и пократки временски рокови за вршење на плаќањето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти. Пеј Пал тоа го прави во САД, а Виза има дебитни картички кои овозможуваат поддршка на криптовалути.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците: САД ги потврди нашите проценки за корупција

Објавено пред

Американскиот Стејт департмент го потврди она коешто ние цело време амармираме – за високото ниво на криминал и корупција, во кое директно се вклучени владини претставници и раководители на институции во земјата, велат од Алијансата за Албанците преку соопштение.

Во изврештајот е наведено дека „има бројни извештаи дека некои функционери сè уште се вклучени во коруптивни активности“.

„Во извештајот понатаму се наведува дека Северна Македонија има донесено антикорупциски закони, но тие не се спроведуваат. Извештајот ја пофалува работата на Државната комисија за спречување корупција, но ги истакнува проблемите во централните институции и судството како причина за неуспех во оваа битка. Овие се оценуваат во извештајот како главна пречка за инвестициската клима во Северна Македонија“, велат од Алијанса.

Алијанса за Албанците го оценува како несериозно и неодговорно однесувањето на Владата. Од партијата на Зијадин Села порачаа дека ваквите аларми власта ги третира со небрежност, додека најсериозните последици ги сносат граѓаните кои ја напуштаат државата секој ден, за да бегаат од недостаток на перспектива и корупција на институциите кои се фатени од сегашната власт.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Доколку Бугарите бидат внесени во македонскиот устав, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав

Објавено пред

Соопштение на Единствена Македонија

„Бугарски политичари во последно време се повеќе ја актуелизираат идејата за промена на македонскиот устав, со цел, во највисокиот правен акт да се споме и бугарско малцинство во државата.

Вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Светлан Стоев дури рече дека промената на македонскиот устав е еден од начините за решавање на проблемите со припадниците на бугарското малцинство во Македонија.

Единствена Македонија нема ништо против овој повик од бугарска страна, но, само доколку до дојде до промена и на бугарскиот устав, со цел, во него да бидат внесени Македонците во Бугарија. Дотолку повеќе, во Бугарија има многу повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија.

Доколку марионетската влада во Скопје не побара и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав и повторно оди против македонските национални интереси и меѓународно правно-признатите начела и норми во оваа сфера, Единствена Македонија ќе преземе потребни чекори во соработка со здруженијата на Македонците во земјата, во соседните земји и пошироко во странство“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија21 минута

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 час

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија2 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет3 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија3 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија5 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија21 час

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион22 часа

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија24 часа

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Македонија2 дена

Од понеделник почнува вакцинирање во домашни услови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат...

Македонија2 дена

Мицкоски: Советничка на Заев е предложена за член на Судски совет, ете зошто Македонија не е правна држава

Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, сега е претставена за...

Досие