Соопштенија
СДСМ: Најлошото за македонскиот народ кулминираше и заврши на 27 април 2017 година

Најлошото за македонскиот народ заврши со падот на режимот, СДСМ го носи најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина, велат од СДСМ.
„Најлошото за македонскиот народ кулминираше и заврши на 27 април 2017 година со насилниот упад во Собранието. Од тогаш, секој изминат ден е подобар од претходниот, бидејќи на патот по кој одиме заедно со граѓаните е патот напред. Тоа е пат кој донесе членство во НАТО, кој ги врати слободата и демократијата, патот кој донесе повисока минимална и просечна плата и повеќе пари кај граѓаните, патот на локалниот и регионалниот развој на кои сведочиме во овие четири изминати години“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека како одговорна државотворна партија, со сите сили туркаат напред кон подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со сите сили кочат и се обидуваат да ја вратат државата назад, во темното минато на режимот на Груевски.
„Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тие и натаму се најлошата политичка опција, заедно со нивниот неформален коалициски партнер Левица. Граѓаните да бидат спокојни, со многу работа, со отворени и отчетни политики и со нови големи сојузништва го носиме најдоброто за државата, ќе го обезбедиме најдоброто во секоја наша општина“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, прифатија сè што бараше Бугарија, а ескалираа односите. ВМРО-ДПМНЕ апелира навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неколкупати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но Владата е таа што има политичка моќ и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.
И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори, без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувањата, има некој криминал, кој сакаат да го скријат.
Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос што власта го покажува на дело е најголемиот пораз што може да ѝ се случи на Македонија, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мора да се извини за договорот ФРОНТЕКС, само нека го поддржи

Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ, дека ќе станел бугарски дијалект, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги за македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста. Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС, ВМРО-ДПМНЕ има шанса да го поддржи, со што барем малку ќе го испере срамот од лажните вести, навредите и клеветите.
Имаат можност преку гласање за ратификација на Договорот на дело да го поддржат евроинтегративниот процес како стратешка цел и единствена алтернатива на државата, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам откога му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека поради неговите деструктивни политики и дејствувањето против интересите на граѓаните и државата, Мицкоски стана заложник на Левицата и на Апасиев и затоа тој честопати е поекстремен и порадикален во своите настапи за да не заостане зад Апасиев.
Сè што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, се вели во соопштението.