Соопштенија
СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со Бугарија.
„Нашите ставови се различни од оние на господиниот Георгиевски“, изјави пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, прашана кој е ставот на партијата за тезите на нивниот коалиционен партнер и дали ове точки се прифатливи за владеачката партија.
Таа рече дека СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани позиции околу ова прашање. Партијата е отворена за дијалог и изнаоѓање на решение со Бугарија, меѓутоа, македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор.
„Ниту се разговарало, ниту пак, во иднина ќе се разговра за јазикот и идентитетот. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки“, рече пратеничката.
Георгиевски претходно изнесе план во 5 чекори за решавање на спорот со Бугарија. Тој предложи Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија. Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година. Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Парламентарното мнозинство усвои важни закони додека пратениците од опозицијата беа надвор од салата

Парламентарното мнозинство усвои важни закони од 32. седница на Собранието додека пратенциите од опозицијата беа надвор од салата трошејќи ги парите од граѓаните, велат од СДСМ.
„На 32. Седница на Собранието на Република Северна Македонија, парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните и државата. Се усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција. Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните. Дел од 32.седница на Собранието се и измените на Законот за јавни набавки со што се олеснува набавката на вакцини против коронавирусот“, соопшти СДСМ.
Додека пратениците од парламентарното мнозинство беа на своите работни места и ги носеа законите, додаваат од таму, пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од салата трошејќи ги платите и парите за патни трошоци што граѓаните преку Буџетот им ги обезбедуваат.
„Тоа е потврда за неодговорно, ненародно и деструктивно однесување на опозицијата. Несериозно е постапувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одбирајќи на која седница ќе присуствуваат а на која не, пратениците на не се платени само за 36 седница, тие треба да се присутни на сите седници, затоа примаат плата од граѓаните. Токму таквото нивно однесување им донесе шест порази од граѓаните и токкму таквиот однос ќе им донесе нов пораз на локалните избори наесен. Граѓаните не дозволуваат и нема да дозволат кој било да работи против нивните интереси, а најмалку пратениците кои имаат должност да работат за граѓаните и државата“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Во време на ВМРО-ДПМНЕ новиот „Рашковски“, Аврамовска Мадиќ не е секретар на град Скопје

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Аврамовска Мадиќ не била секретар на град Скопје и не постоел судир на интереси за „Армор плус“, чиј сопственик е нејзиниот зет, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Дали и колку од овие пари завршиле кај новиот „Рашковски“ – Аврамовска Мадиќ и „Тендер Шилегов“?
Учеството на тендери на град Скопје и нивно добивање од страна на „Армор плус“ во период додека Аврамовска Мадиќ е секретар на градот е класичен судир на интереси и фрла сомнеж за можна корупција.
Потребно е или Аврамовска Мадиќ да си поднесе оставка од позицијата или „Армор плус“ да не конкурира на тендери распишани од градот Скопје и неговите претпријатија, врз кои Аврамовска Мадиќ, како секретар на градот има влијание и моќ“ соопшти партијата.
Оттаму ја повикуваат ДКСК да го испита случајот со добивањето тендери од страна на „Армор плус“ додека секретар на градот е Аврамовска Мадиќ.
„Одговорност мора да има. Никој не смее да е заштитен пред законите“ се додава во соопштението.
Соопштенија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мрзливиот Шилегов ветуваше стоп за бетонизацијата, а сега за зградите кај „Холидеј Ин“ молчи

Мрзеливиот Петре Шилегов да не се крие и да излезе да го каже својот став во врска со висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
„ Целата јавност се крена по прашањето на бетонските градби кои треба да никнат во центарот на Скопје, а градоначалникот на градот нема став, и се надева дека никој нема да го праша.
Ветуваа стоп за бетонизација, ронеше крокодилски солзи во опозиција, а сега молчи за високактниците кај Холидеј Ин. Нели СДСМ и мрзеливиот Шилегов ќе ја спречуваа бетонизацијата на Скопје и неконтролираното градење без запазување и заштитување на животната средина?
Дали мрзеливиот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, е за изградбата на бетонските висококатници спроти Холидеј Ин или е против?
Кој е ставот на Шилегов? Дали молчењето на Шилегов скопјани треба да го сфатат како одобрување за бетонските висококатници спроти Холидеј Ин?
Доколку мрзеливиот Шилегов е за изградба на висококатниците чесно е да го каже својот став. Скопјани заслужуваат да знаат“ додаваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш