Контакт

Соопштенија

СДСМ: Нема толеранција за прекршителите на здравствените протоколи

Објавено пред

„Високите бројки на новозаразени со коронавиусот покажуваат дека државата, исто како и регионот и цела Европа, влегува во очекуваниот есенски бран, а најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.Поголемиот дел од граѓаните и фирмите ги почитуваат мерките и се вистински позитивен пример за секого. Но за жал, има и такви кои одбираат да ги игнорираат мерките за заштита и протоколите и со тоа создаваат лоша слика за целината, во која повеќето даваат сè од себе да се заштитат себеси и своите сограѓани. Токму затоа нема толеранција за прекршителите на здравствените протоколи“, соопшти СДСМ.

Изминативе денови бевме сведоци на прекршувања на законите и непочитување на ковид-протоколите од одредени субјекти и по неколку укажувања од страна на инспекциските служби.

„Поради тоа Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид-протоколите.

Досега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави за непочитување на протоколите. Со новите законски измени вакво овластување за изрекување забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво“, се додава во соопштението.

Конкретно, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти кои не ги почитуваат мерките.

Висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. На овој начин ќе се обезбеди ефективност на санкцијата, а од друга страна ќе постои правичност, односно ќе им се даде можност на оние правни лица кои ги почитуваат протоколите да продолжат да си ја вршат својата работа, а оние правни лица кои нема да ги почитуваат протоколите да бидат соодветно и навремено санкционирани.

„Врвен приоритет е заштитата на јавното здравје, во овој период од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид-протоколи, за да се заштити здравјето на секој граѓанин. Ниту здравствените работници, кои седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола, ниту здравствениот систем не може сам да се справи со оваа криза. Да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, без исклучок“, велат од СДСМ.

Соопштенија

СДСМ: Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот

Објавено пред

Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот, велат од СДСМ.

„Кога пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје. Само со почитување на мерките, носење маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време и на отворен простор, држење дистанца, миење и дезинфекција на рацете и избегнување на групирање може да очекуваме намалување на бројките“, велат од СДСМ.

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, додаваат од партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата, а сега организираат масовни собири, на кои се кршат мерките за заштита и го доведуваат во опасност јавното здравје.

„Граѓаните знаат дека сега е неопходно сите да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, само така заедно можеме да го намалиме ширењето на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000

Објавено пред

Филипче урива рекорди секој ден. Црн петок за Македонија и граѓаните – заразени 934 лица. Бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев со својата неспособност прави состојбата со пандемијата од корона вирус да биде уште полоша. Секој ден Македонија руши рекорди на нови заразени и починати. Веќе сме земја во Европа која е црн рекордер по корона статистиката. Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери. Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца. Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19“, се наведува во соопштението.

Од таму велат дека амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД – 19, што, според ВМРО-ДПМНЕ, само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со системот и создаваат дополнителна опасност.

„Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона. И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните. Затоа предлагаме Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Дополнително бараме да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И покрај сериозноста на ситуацијата, состојбата е под контрола и никој нема да остане без здравствена нега

Објавено пред

Во време кога есенскиот бран на пандемијата на коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да покажеме одговорност за сопственото и за јавното здравје, велат од СДСМ.  И покрај сериозноста на ситуацијата, додаваат од партијата, состојбата е под контрола и никој нема да остане без здравствена нега.

„Сега е неопходно сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Само на тој начин заедно можеме да ја намалиме трансмисијата на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, велат од партијата.

Од таму велат дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај обидите за опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, ги донело измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со овие измени, велат од СДСМ, стапуваат во сила новите мерки, кои се имплементирани во цела Европа и гарантираат повисок степен на заштита и намалување на ширењето на коронавирусот.

Мерките предвидуваат носење маска на отворено, групирање повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот е забрането, а угостителските објекти затвораат во 23 часот.

Исто така, преполовен е капацитетот на патници во јавниот превоз и важи препораката – ако е можно, да се работи од дома онлајн.

„Инспекциските служби имаат поголеми ингеренции, а непочитувањето на мерките се казнува. Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен на Ковид-19, лицето останува во изолација. Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од Ковид-19 во приватни установи. Интернисти од приватното здравство се спремни да учествуваат во работата во клиниките и болниците не само во Скопје туку и во државата“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија29 минути

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија39 минути

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија52 минути

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион59 минути

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет3 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет16 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија17 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет17 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет18 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија18 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион19 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија21 час

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија21 час

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија23 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија24 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија1 ден

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион1 ден

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија1 ден

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно1 ден

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Досие