Соопштенија
СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собранието не се брани криминал

Расте нервозата во белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по налог на Мицкоски се обидуваат да создадат тензии и инциденти за да го одбранат криминалот, соопшти владејачкиот СДСМ.
„Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки. Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ е виновникот што го предизвика инцидентот во Комисијата за европски прашања.
Но, тоа не е првпат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието“, се вели во соопштението.
СДСМ како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни, порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже, нема да има никаква цензура, токму таа партија лустрираше писатели

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за состојбата во културата и за слободата на изразување, велат од партијата на власт.
„Токму оваа партија ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик. Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше ’џуџето од Небрегово’. Денес ВМРО-ДПМНЕ извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста“, реагираат од СДСМ.
Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишниот режим постојано ја погазуваше, велат од владејачката партија, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува.
„ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување“, се посочува во реакцијата од СДСМ.
Соопштенија
СДСМ: Ги реализираме стратешките цели на државата, блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се осудени на порази

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство, што ги предводи, ги реализира стратешките цели на државата. Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО најмоќниот глобален безбедносен сојуз, соопшти СДСМ.
„По 17 години минати во чекалницата, конечно заслужено ги почнавме преговорите за членство во ЕУ. Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги почнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет.
Од друга страна, наспроти државничкото и одговорно однесување на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прават сè за да ја загрозат европската иднина на државата.
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата.
Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина. Сè додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразувани“, порачаа од владејачката партија.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите откриваат зошто Ковачевски бега од народот и од избори

ВМРО-ДПМНЕ со два и полпати поголем рејтинг од СДСМ, Ковачевски ќе биде згазен од народот на следните избори, покажува најновата теренска анкета на ИПСОС спроведена на 1.014 испитаници во период од 1 до 18 јули годинава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ би издвојувала убедлива победа на следните избори, а тоа го потврдуваат и процентите, односно на прашањето спроведено на цела популација доколку на следните избори би се кандидирале само партиите, а не коалициите за која партија би гласале, повеќето од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ или 19,7 проценти, а за СДСМ само 9,5 проценти, што е разлика од 10,2 проценти. Потоа, ДУИ со 6,2 проценти, Левицата со 5,9 проценти, Алијансата на Албанците со 2,8 процента, други партии 4,2 проценти. Неодлучиле 22,5 проценти, одбиле да одговорат 17 проценти од испитаниците, а само 12,2 проценти не би гласале.
Додека, пак, на истото прашање од анкетата, но спроведена на определена популација со push од 48 проценти, одговориле дека на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ или 40,8 проценти, а за СДСМ само 16,6 проценти. Тоа е разлика од високи 21,2 процент во однос на предноста на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ.
Понатаму е ДУИ со 12,8 проценти, Левицата со 12,2 проценти, Алијансата на Албанците со 5,9 проценти, а за другите политички партии 8,7 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат.
Дополнително, на прашањето како граѓаните го оценуваат досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија оценувајќи го од 1 како лош резултат до 5 како одличен резултат, 36 проценти од испитаниците го оцениле со 1, а само 8 проценти до оценка 5. Потоа, со оценка 2,15 процента, со оценка 3 го оцениле 20 проценти од анкетираните, со оценка 4 го оцениле само 8 проценти, а 10 проценти од испитаниците одговориле со – не знам“, наведуваат од партијата.
Како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, анкетата покажува дека Ковачевски од страна на граѓаните не добил ниту преодна оценка.
„Во согласност со податоците на анкетата на ИСПОС, на следните избори би излегле од 870.000 до 875.000 граѓани, или споредено во гласови – ВМРО-ДПМНЕ би освоила од 355.000 до 360 илјади гласа, а СДСМ од 170.000 до 175.000 гласа, или 180.000 гласа помалку во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму, ДУИ од 110.000 до 115.000 гласа, Левицата од 100.000 до 105.000 гласа, Алијансата за Албанците од 50.000 до 55.000 гласа и другите политички партии од 75.000 до 80.000 гласа.
Анкетата на ИПСОС ги покажува огромното незадоволство и револтотд страна на граѓаните кон Владата на СДСМ и Димитар Ковачевски и јасно потврдува дека неопходни се промени. Ковачевски и СДСМ се свесни дека ќе ги изгубат изборите и затоа бегаат бидејќи бројките покажуваат дека Македонија и граѓаните се за промени, а релевантноста на анкетите СДСМ и Ковачевски ќе ја видат на следните избори“, порачуваат од опозициската партија.