Контакт

Соопштенија

СДСМ: Не е точно дека е договорен премиер по принципот „три години Заев, една Зибери“

Објавено пред

СДСМ во целост ја демантира информацијата објавена од страна на една од националните телевизии дека бил договорен премиер по принципот „три години Заев, една Зибери“, односно дека ДУИ ќе управува со институции како УЈП и МВР.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ велат дека секогаш им стојат на располагање на медиумите, и очекуваат во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да се побара официјален став од партијата, пред да биде објавена вест.

 

 

 

Соопштенија

СДСМ: Гласањето против одлуките за прогласување вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните

Објавено пред

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците од нивните редови ќе гласаат против потврдувањето на одлуките за прогласување вонредна состојба, само ги потврдуваат деструктивноста и неодговорноста на оваа партија, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од неодговорниот Христијан Мицкоски се води единствено од евтин политички популизам и воопшто не се грижи за интересите на граѓаните и државата. Вонредната состојба беше прогласена исклучиво во интерес на граѓаните. Таа беше неопходна за брзо дејствување на Владата и институциите за поефикасна борба против коронавирусот и заштита на јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Во време на распуштено Собрание и преодна влада со мандат за спроведување избори, велат од СДСМ, вонредната состојба на извршната власт ѝ овозможи создавање закони за поголема ефикасност во носење мерки и политики за справување со последиците од Ковид-19 и заштита на здравјето на граѓаните.

„Гласањето против одлуките за прогласување вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните, против институциите. ВМРО-ДПМНЕ предводенa од Мицкоски останува посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување. За тоа се казнети од граѓаните и затоа остануваат уште долго во опозиција“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Обезбедени се 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци

Објавено пред

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци, соопштија од владејачката партија.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економската криза предизвиканата од пандемијата на коронавурисот. Со четвртиот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари за поддршка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да може да се сместат во студентските и ученичките домови“, се вели во соопштението.

Поради намалениот капацитет во домовите, додаваат од СДСМ, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не може да бидат сместени, ќе имаат можност да изберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или, пак, да изберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Истовремено, велат од СДСМ, платежни картички „купувам домашно“ од 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е помеѓу земјите со најголема смртност од Ковид-19 во Европа

Објавено пред

Заев и Филипче потфрлија. Македонија, според Би-би-си, е една од земјите со најголема смрттност во Европа. Според нив, бројот на умрени на 100 илјади жители е 34,6, што е 10 пати повеќе од бројот на починати од корона во Грција на истиот број на жители, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија под палката на Заев и Филипче има 737 починати и над 17 илјади заразени од коронавирус, иако првичните прогнози им беа дека бројот на заразени нема да оди над 2.000. Сè што кажаа – излажаа. Заев и Филипче не беа способни да се справат со корона-кризата. Македонија не е излезена од првиот бран, кој постојано доживува нови пикови. Среде лето со СДСМ и нивната неспособност имавме трицифрена бројка на заразени секој ден. Со почетокот на есента се очекува и вирусот да се шири во позасилено темпо, но Заев и Филипче немаат направено ништо да превенираат евентуални катастрофи. Ветија 16 монтажни болници и ништо од тоа нема. Целиот процес на управување на Заев и Филипче е под секое ниво. Секојдневно медицински лица, лекари и сестри си заминуваат од државата поради лошиот однос кон нив“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од фелата алармираат дека Македонија ќе се соочи со масовни заминувања медицински лица по завршување на корона-кризата, а тоа, велат од партијата, е последица на нечовечкиот однос на лицата од власта, за што најодговорни се Заев и Филипче.

„Македонија само тоне. Со Заев и Филипче пред колапс е и здравството. Мафијата, криминалот и Владата, кои се едно исто во Македонија, мора да си заминат“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Регион2 часа

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Претседателката на Управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал откако по грешка му...

Топ2 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Свет3 часа

Навални: Тврдам дека зад труењето стои Путин

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, за германски „Шпигел“ изјави дека не се сомнева оти рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад...

Македонија4 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија5 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија18 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион23 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија24 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија2 дена

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Досие