Контакт

Соопштенија

СДСМ: Новите деструктивни идеи за блокада на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени

Објавено пред

Откако им пропадна деструктивната идеја за блокирање на собранието, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се договара како да ги блокира граѓаните и државата, се наведува во соопштението на владејачкиот СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните, медиумите и сите јавни личности едногласно го осудија бојкотот на Собранието и ова делување на опозицијата, но тоа не го предомислува Мицкоски да се откаже од овие погубни стратегии. Граѓаните не смее да бидат жртви на себичноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ повторно ќе ги порази новите деструктивни идеи на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз економијата и граѓаните“, се истакнува во напишаното.

„Ги повикуваме да се вразумат и да се откажат од ваквата политика на деструкции, насилство и блокади и конечно барем еднаш да застанат зад државните интереси. Мицкоски конечно мора да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, кој сè повеќе е очигледно дека целосно ја контролира партијата“, потенцираат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, за жал, како што оценуваат од партијата на власт, останува заробена партија во криминал и непроменета во однос на начините на делување и водење политики. Од владејачката партија повторуваат дека избори ќе има во регуларен рок на кои овие политики на ВМРО-ДПМНЕ, како што додаваат повторно ќе бидат силно поразени.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот

Објавено пред

СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот. СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголем број од народот ќе плаќа 18 % и 138 % поскапа струја, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Тие што до вчера плаќале 4.000 денари, ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари, ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата што се греат со грејни тела на струја. Седум месеци во ек на грејна сезона, ако лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на своите домови.

СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ. Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство поради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.

СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е“, порачаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП

Објавено пред

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Од другата страна е Христијан Мицкоски, кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија. Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се спротивставил на спорната резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.

Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат. Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“, велат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собранието не се брани криминал

Објавено пред

Расте нервозата во белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по налог на Мицкоски се обидуваат да создадат тензии и инциденти за да го одбранат криминалот, соопшти владејачкиот СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки. Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ е виновникот што го предизвика инцидентот во Комисијата за европски прашања.

Но, тоа не е првпат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието“, се вели во соопштението.

СДСМ како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни, порачаа од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата. „Барам веднаш без...

Македонија10 часа

Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите...

Македонија13 часа

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог што француското претседателство го сподели со Владата

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог...

Македонија13 часа

Рама: Францускиот предлог е конечен, порака за моите браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија...

Македонија13 часа

Петковски до Ковачевски – Тесно ви е мнозинството

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство. Ваквата реакција...

Македонија14 часа

Бербок: Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста што ја нуди францускиот предлог

Според шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог....

Македонија15 часа

Мишел за францускиот предлог: Сега е време да кажеме „да“

Претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел, го поздрави изнаоѓањето решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на „Твитер“...

Македонија16 часа

Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува оти е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство на Македонија во...

Економија17 часа

Ковачевски: Ако ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто

Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 %, изјави денеска генералниот...

Македонија17 часа

Апелација му одреди домашен притвор на Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шуто Оризари. Ова е одлуката на скопска Апелација, која е донесена денеска. Нему му...

Македонија17 часа

Измените на Законот за работните односи, за кои беше тепачката, останаа неизгласани

Мали или речиси невозможни се шансите да се изгласаат измените на Законот за работните односи за кои во изминатите два...

Македонија18 часа

Џафери: Јас нема да се спуштам на ниво на Мицкоски и да навредувам на лична основа

Собранискиот спикер Талат Џафери од собраниската говорница им образложи на пратениците зошто смета дека и понатаму треба да ја врши...

Македонија18 часа

Мицевски: Во последните пет години Собранието е машина за гласање на криминалните зделки на СДСМ и ДУИ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница, обраќајќи му се на Талат Џафери, рече дека...

Македонија19 часа

Тупанчески: Недонесувањето на измените на Законот за работните односите ќе доведе до сериозни импликации врз судскиот систем

Министерот за правда, Никола Тупанчески, смета дека недонесувањето на измените на Законот за работните односи ќе доведе до сериозни импликации...

Свет19 часа

Русите: Се повлековме од Змискиот Остров како знак на добра волја

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија денеска се повлекла од Змискиот Остров во Црното Море. „По завршените задачи,...

Економија20 часа

Владата: Со новото праведно тарифирање оние што трошат помалку плаќаат помалку струја

Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1...

Свет20 часа

Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

Брод со 7.000 тони жито исплови од украинското пристаниште во Берџанск, моментно контролирано од руските сили. „По неколку месеци неактивност,...

Свет20 часа

Русите го зазедоа Лисичанск, на украинските сили им е наредено да се повлечат

Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека украинските сили продолжуваат да ја држат својата позиција во источниот град...

Свет21 час

Нехамер: Пристапувањето во НАТО не е опција

Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет на соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, како Австрија и НАТО,...

Свет22 часа

Путин: Ако НАТО распореди војска во Финска и Шведска, ќе одговориме на ист начин

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „Доколку...