Соопштенија
СДСМ: Новите мерки за заштита ќе придонесат за намалување на притисокот врз здравствениот систем

Владејачкиот СДСМ смета дека новите мерки за заштита ќе придонесат за намалување на притисокот врз здравствениот систем.
„Државата се соочува со сериозен бран на коронавирусот, бројката на новодијагностицирани и на хоспитализирани пациенти е многу голема, а здравствениот систем е под најголемиот притисок од почетокот на пандемијата. Бидејќи здравјето на граѓаните е највисок приоритет на институциите предводени од СДСМ, Владата на препорака на Комисијата за заразни болести донесе одлука за заострување на рестриктивните мерки“, потсетуваат од СДСМ.
Според нив, мерките се потребни за да се пресретнат нови, сериозни влошувања на здравјето на граѓаните и на функционалноста на здравствениот кадар и здравствениот систем.
„Неопходно е доследно почитување на мерките, најсериозно и најодговорно и да се заштитиме и себе и нашите најблиски. Ова е ситуација кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје, коешто е обврска на секој од нас. Сите заедно да се спротивставиме на ширењето на опасниот вирус и заедно со масовната вакцинација да го победиме опасниот, невидлив непријател“, додаваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Џафери: Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Денеска во салата „Борис Трајковски“, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина којашто во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.
„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.
Собранието е во втората фаза за вакцинација, односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.
Џафери упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 30. роденден на партијата.
„Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за ‘Рекет 1 и 2’, за чантата со рекетирани пари, која, според зборовите на Бојан Јовановски, завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за ‘Мафија 1 и 2’ и за тоа како светски наркобосови зеле македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците од пасошкото“, стои во писмената реакција од оваа партија.
Од таму додаваат дека Заев, додека славел, ниту еднаш не ги спомнал над 4.600 загубени животи поради, како што истакнуваат од таму, лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.
„Заев молчи и за илјадниците штедачи што останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банка. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства, чии членови го прележаа Ковид-19, се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на вратата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од Ковид-19, а немаше ако Заев набавеше вакцини навреме“, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.
„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.
Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?