Контакт

Соопштенија

СДСМ: Обезбедени 10 милиони евра за субвенционирање на 10.000 семејства за набавка на инвертери

Објавено пред

Мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции покажуваат дека политиките што обезбедуваат почист воздух се на прав пат. Преку Електрани на Северна Македонија обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима-уреди за 10.000 семејства, соопшти СДСМ.

Според партијата, 10.000 домаќинства кои користат неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво и кои живеат во најзагадените општини, како Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, ќе можат да аплицираат за ваучер во висина од 60.000 денари за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди.

„При реализација на мерката предност ќе имаат оние семејства чии вкупни приходи се до 30.000 денари. Греењето со инвертер клима-уреди освен што е еколошко е и поевтино од греењето на дрва, што ќе обезбеди заштеда во домашните буџети и позитивно ќе влијае врз решавањето на проблемот со аерозагадувањето, кој е најголем токму во грејната сезона.

СДСМ уште еднаш докажува дека е посветена на квалитетна и здрава животна околина, што е предуслов за квалитетен живот на сите граѓани, што воедно е и една од главните заложби во Програмата „Живот за сите“.Продолжуваме со креирање и реализација на политки во интерес на граѓаните и животната средина. Борбата против аерозагадувањето е на прав пат!”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Џафери: Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Објавено пред

Денеска во салата „Борис Трајковски“, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина којашто во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.

„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.

Собранието е во втората фаза за вакцинација, односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.

Џафери упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 30. роденден на партијата.

„Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за ‘Рекет 1 и 2’, за чантата со рекетирани пари, која, според зборовите на Бојан Јовановски, завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за ‘Мафија 1 и 2’ и за тоа како светски наркобосови зеле македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците од пасошкото“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Од таму додаваат дека Заев, додека славел, ниту еднаш не ги спомнал над 4.600 загубени животи поради, како што истакнуваат од таму, лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.

„Заев молчи и за илјадниците штедачи што останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банка. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства, чии членови го прележаа Ковид-19, се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на вратата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од Ковид-19, а немаше ако Заев набавеше вакцини навреме“, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Објавено пред

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.

„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.

Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно...

Македонија40 минути

Вакцинираните од следната недела ќе добиваат потврда која служи како ковид-пасош

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе...

Македонија1 час

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше...

Регион3 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Македонија3 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија3 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа4 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет4 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет4 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион5 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет5 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија5 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија6 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија19 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ22 часа

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија22 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион22 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија23 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ1 ден

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Досие