Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од каде се овие информации на ВМРО-ДПМНЕ, дали сака да им нашети на истрагите на МВР?

Објавено пред

,,На денешната прес конференција во белиот дворец, во симболот на криминалот и корупцијата, беа изнесени информации за наводно учество на возило „џип“ со ЦОЛ таблички во еден од случаите за кои истрага води МВР.Од каде се овие информации на ВМРО-ДПМНЕ?Дали на очајната ВМРО-ДПМНЕ толку многу и смета работата на МВР и борбата со криминалот што не бира начин да им наштети на истрагите кои се во тек?”, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да помири со фактот дека нема веќе ВМРО-МВРО, нема злоупотреба на полицијата и нејзино ставање во функција на одбрана на криминалот на режимот, како што 11 години делуваше оваа институција.

,,Денеска МВР работи професионално, отчетно, согласно законските надлежности и во интерес на граѓаните.Ефикасноста на МВР ја потврдуваат и официјалните, јавно објавени податоци, каде што се гледа дека бројот на тешки кражби и разбојништва во 2018 година е помал во споредба со 2017 година, а се намалува и криминалитетот воопшто.

МВР и надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите, граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и истражувањата на јавното мислење, две третини од граѓание се чувствуваат безбедно и сигурно.ВМРО ДПМНЕ да престане да брани криминал и да ги остави институциите да работат”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од фактот дека има незаконски долг од 400.000 евра за кампања, СДСМ нема долг

Објавено пред

Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од фактот дека има неподмирен долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати. Тоа е класично прекршување на изборниот законик за кое одговорност мора да има, соопшти СДСМ.

Наместо да лаже, ВМРО ДПМНЕ треба да размислува за одговорност на поединци во оваа партија за овој нов скандал. Ниту една лага од белиот дворец не може да сокрие дека ВМРО-ДПМНЕ се навикнати да не ги подмируваат своите обврски за време на кампањите.

За разлика од спорните финаниски извештаи на ВМРО-ДПМНЕ со дупки од 3.5 милиони, 400 илјади евра и слични скандали, финансиските извештаи на СДСМ се кристиално чисти, реални и по сите законски норми и прописи. СДСМ нема долг.

Во Финансискиот извештај за кампањата на Стево Пенаровски јасно стои дека наведената разлика е поради неплатени обврски на Државната изборна комисија кон електронски медиуми, за кои, патем, самата ДИК дозволила да вршат медиумско платено покривање на претседателските избори, но потоа не ги потпишала асиганциите за плаќање кон електронските медиуми.

За причините треба да се побара одговор од Државната изборна комисија. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра со непотпишаните асигнации од ДИК не може да се споредува. Добро е што во ВМРО-ДПМНЕ го разгледувале финансискиот извештај за кампањата на Стево Пендаровски, за да научат што е целосен, прецизен и транспарентен финансиски извештај, навреме затворена сметка согласно законските прописи, за разлика од финансискиот извештај на Сиљановска, кој е доставен на несоодветен образец и не дава реална слика за потрошеното, патем со незаконски долг од 400.000 евра“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Растот на извозот од 10,8 отсто потврдува дека сме на прав пат во економијата

Објавено пред

Според податокот на Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, бележи пораст за 10.8 % во однос на истиот период од претходната година, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.

Од таму велат дека ова покажува оти довербата во нашата економија е вратена, нашето стопанство е развојно и конкурентно на странските пазари.

„Со официјалното членство во НАТО кое е извесно и со приближувањето до ЕУ, дополнително ќе се интензивира растот на извозот, но и позитивно ќе се влијае на отворање нови работни места и зголемено производство“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека СДСМ ќе продолжи со спроведување мерки и политики кои обезбедуваат раст и развој и поконкурентна економија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ристовски: Правдата е побавна, но ќе дојде, постојат механизми за прочистување на судството

Објавено пред

Единствени што бегаат од правдата во оваа држава се од ВМРО-ДПМНЕ, но залудни се сите обиди да се искриви вистината и погрешно да се насочи јавноста, порача Оливер Ристовски, заменик-министер за правда и член на ЦО на СДСМ, на трибината со назив „Правда наместо амнестија“.

Како што рече тој, судовите и Обвинителството не се пречка за постоење и владеење на правдата, туку за тоа се одговорни поединци.

„Не дека сè е идеално, туку има многу работа, правдата е побавна, но ќе дојде“, рече Ристовски.

Според него, за прочистување на судството има доволно механизми во сегашните законски решенија, кои досега не се применувале.

„Државната комисија за спречување корупција најави дека во годишниот план за 2020 година, во првото тримесечје, ќе влезе проверката на судиите и јавните обвинители. Ќе се проверува и оценува постоењето непотизам, начиниот на кој се избрани, знаеме како се избираа во периодот од 2006 до 2016 година“, нагласи Ристовски.

Покрај тоа, како што рече, од страна на УЈП, врз основа на законски основи и механизми, ќе се спроведуваат постапки за потеклото на имотот и примањата на судиите.

Ристовски исто така напомена дека по однос на ова прашање потребни се поголема улога и активност од страна на граѓанскиот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија3 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија3 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија3 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија4 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија5 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија6 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија7 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија8 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија10 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет11 час

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет11 час

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет11 час

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет12 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија12 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет12 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија12 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа23 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет1 ден

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие