Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од лична карта нема поголем доказ, Арсовска е разобличена

Објавено пред

Нервозните реакции на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, не може да го скријат фактот дека таа пред 10 години добила бугарско државјанство, а пред четири добила и бугарска лична карта и сето тоа го криела од јавноста, посочуваат од СДСМ.

Од таму велат дека не е спорно што Арсовска има туѓо државјанство, бидејќи, како што велат, тоа е нејзино право, но сметаат дека спорно е тоа што крие од граѓаните и ги потценува.

„Бадијала се лути Даниела или Данела и спомнува некаков алманах, поголем доказ за идентитет од лична карта нема. Од вистината никој не побегнал“, истакнуваат од СДСМ додавајќи дека вакви, како што велат, подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза

Објавено пред

Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту спор што има безбедносен карактер. Обидот на Груби и на власта да градат на таа теза преговори е поразително за државата. Македонија е земја членка на НАТО и со тоа сите безбедносни прашања се затворени. Во рамките на границите на државата има Министерство за внатрешни работи, кое ја чува безбедноста. Власта да не наоѓа изговори за нови отстапки и понижувања“, стои во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија додаваат дека македонските позиции што ги гарантира декларацијата што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ се јасни и од таму појаснуваат дека е поддржана од сите партии во парламентот и ништо надвор од неа не смее да биде сторено.

„Очекуваме Бугарија во духот на европските вредности и добрососедските политики да не ја попречува Македонија кон ЕУ. Напредокот на државата го заслужуваат граѓаните“, прецизираат од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во СДСМ е фарса, се знае кој е пионот на Заев

Објавено пред

Конгресот во СДСМ е фарса,  се знае дека пионот на Заев, Димитар Ковачевски, е човекот на олигархијата кој ќе го наследи Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, градоначалник на Куманово во, како што велат, времето на транзицијата.

„Таткото на Ковачевски бил и амбасадор на Македонија во Црна Гора исто така поставен од СДСМ. Ковачевски е човек на олигархијата, на едно мрачно време кое остави стотици илјади на улица и без пари. Ковачевски не е нов лик, тој е стар производ спакуван во ново пакување“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, новиот лидер на СДСМ ќе има за задача да го штити заевизмот и како што се посочува, фирмите на Вице и Трајче.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Славески не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош на семејствата на настраданите

Објавено пред

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште не се изјаснил во однос на иницијативата и не закажал седница, што е незабалежано во праксата, обвинуваат од СДСМ откако вчера нивната советничката група и ДУИ поднесеоа иницијатива за свикување вонредна седница, на која треба да се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на настраданите во автобуската несреќа.

„Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница, на која првин ќе се гласа за оправданоста на итноста, а кога ќе се утврди оправданоста, Советот ќе гласа по однос на точките од дневниот ред.

Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина што побргу да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот затоа што нема потреба за такво нешто“, се наведува во партиската реакција.

Според СДСМ, Славески очигледно не наоѓа разбирање за ситуацијата или, пак, свесно калкулира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија12 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија12 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија16 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија17 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија17 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа18 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија19 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа20 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет21 час

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија3 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија3 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија3 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија3 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Досие