Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од септември за 10 отсто поголеми плати за вработените во високото образование

Објавено пред

Министерството за образование и наука за првпат потпиша Колективен договор со Самостојниот синдикат за образование, на кој се приклучи и Независниот академски синдикат, соопшти СДСМ.

„ Со овој Колективен договор веќе од септември вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој досега го исплаќале само некои од установите.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука, меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, права на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација.

Во договорот е дефиниран и начинот на пресметување на платите, кој се базира на степенот на сложеност и одговорноста на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата, со што се обезбедува постојан раст на платата, која ќе се зголемува заедно со просечната плата.

Ова е пример за успешно партнерство меѓу Министерството и професорската фела, како и потврда за грижата на институциите за високото образование.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов го премолчува предавството на Заев и не кажува што се преговара со Бугарија

Објавено пред

Костадин Костадинов и СДСМ продолжуваат слепо да го следат Зоран Заев во распродавањето на националните интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако портпаролот на владејачката партија денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубиле во деструктивноста.

Од опозициската партија прашуваат зошто СДСМ и двоецот Заев – Бучковски молчи и на одговара дали во преговорите со Бугарија е ставена бугарската декларација како основа на новиот анекс.

„Зошто бегаат од одговорот дали историскиот континуитет на македонскиот јазик и народ се дел од преговорите со Бугарија? Дали подготвуваат ретуширање на историјата, газење на антифашистичката борба на македонскиот народ и асномските идеали врз кои е градена Македонија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Заев е подготвен на секакви концесии и отстапки за да ја зачува власта бидејќи, како што велат, се чувствува заштитен од одговорност за својот криминал.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши половина милијарда евра за 4 години, а не направи ниту еден капитален проект

Објавено пред

Шилегов потроши 4 години мандат и ништо не направи од она што го ветуваше, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека Шилегов пред крајот на мандатот потпишува меморандуми, дава, како што велат, рециклирани ветувања и повторно говори дека нешто ќе направи.

„Вистината е дека Шилегов ќе остане запомнат како најнеспособниот, најарогантен и најнедомаќински градоначалник што Скопје го имало, кој ветувал брда и долини, а зад себе има огромна НУЛА. За волја на вистината, набави едно противпожарно возило со скала, кое чини двојно поскапо од идентично возило набавено од Град Загреб, поставува клупи, кои чинат неверојатни 500 евра за една, и успеал да го зголеми долгот на Град Скопје 8,5 пати“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија посочуваат дека тој е единствениот градоначалник што нема почнато капитален проект во својот мандат, а патем потрошил 4 годишни буџети, кои заедно чинат речиси половина милијарда евра.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Николов лаже и манипулира, платите во здравството растат

Објавено пред

Од СДСМ реагираат на обвинувањата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара да им се зголемат платите на докторите и здравствените работници.

„Тажно е што еден лекар како Игор Николов, кој во време на Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство, Венко Филипче, лично ги почувствувал бенефитите во здравството, да лаже и манипулира. Попуст му е обидот на д-р Николов во име на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и за додворување на Христијан Мицкоски да говори лаги! Основната плата на лекарите специјалисти се зголемени 40 %, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 %, на општите лекари 25 %, а на здравствени соработници 15 %.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ приватните специјализанти имаа месечни примања од 0, со букви, НУЛА денари. Сега земаат по 30.000 денари месечно, а од јуни почна да им се плаќаат и здравствено осигурување и дежурства. Од март сите вработени во здравството, без разлика дали се медицински или немедицински персонал, добиваат по плус 5 %“ велат од партијата на власт.

Од таму ѝ порачаа на ВМРО-ДПМНЕ дека може да гледа и да учи што значи вистинска грижа за здравствените работници, што значат инвестиции во здравството.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

(Видео) Путин пристигна во Женева, портпаролот откри во какво расположение е рускиот лидер пред состанокот

Денеска во Женева ќе се одржи историска средба меѓу рускиот претседател, Владимир Путин и американскиот претседател, Џо Бајден. Портпаролот на...

Македонија3 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет4 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион4 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија4 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет5 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија5 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет6 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ21 час

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија23 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија1 ден

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Досие