Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од следната недела почнува Европската младинска картичка, која ќе ги доближи младите до европските вредности

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите преку создавање и имплементирање младински политики и мерки што го олеснуваат животот на младите. Веќе од следниот месец почнува проектот за Европска младинска картичка, која ќе ги доближи младите до европските услови и вредности, соопшти СДСМ.

„Европската младинска картичка, која ќе може да ја добијат сите млади од 15 до 29 години, овозможува младите да остваруваат поволности и придобивки во секојдневниот живот во делот на попусти при посети на културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, транспорт, едукација, спорт и доусовршување.

Веќе се склучени меморандуми за соработка со над 300 субјекти (кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, центри за едукација и развој, спортски центри и други), кои за младите ќе обезбедат одредени попусти на нивните услуги.

На овој начин ќе им се намалат трошоците на младите, но и ќе се овозможат поволни услови за личен развој на младите во делот на спортот, културата, образованието.

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции постојано работи за унапредување на условите и стандардите за младите.

Продолжува спроведувањето сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот за Европска младинска картичка ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите, кои се врвен приоритет“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

(Видео) Форум на жени на СДСМ: ЗНМ и Мицкоски да го осудат говорот на омраза на Љупчо Златев

Објавено пред

Форумот на жени на СДСМ ги повика ЗНМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го осудат говорот на омраза на Љупчо Златев упатен кој обвинителката Фатиме Фетаи.

„Говорот на омраза и шовинизмот на Наум Стоилковски не беше изолиран инцидент во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е западната во шовинистичка матрица. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги впрегна порталите блиски до неа да сеат шовинизам, родова, сексистичка омраза и да поттикнуваат насилство кон жените. Како Форум на жени на СДСМ остро го осудуваме говорот на омраза и сексизмот на Љупчо Златев насочен кон обвинителката Фатиме Фетаи и кон советничката во Министерството за финансии, Ана Марија Макеска“, изјави Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.

Очигледно е, додаде таа, дека ваквите написи се поттикнати од шовинистичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

„Има ли ВМРО-ДПМНЕ образ? Има ли ВМРО-ДПМНЕ Унија на жени која ќе го осуди ваквиот говор и ќе застане зад правата на жената? Ги повикуваме ЗНМ, но истовремено и Христијан Мицкоски да излезат и да го осудат говорот на омраза и шовинизмот“, рече Пеповска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Власта го урнисува здравството и од него создава алатка за терање бизнис

Објавено пред

СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал, но и сите граѓани кои гледаат дека оваа власт го урнисува здравството и од него создава алатка за терање бизнис, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.

,,Да потсетиме само на крвавиот тендер за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра кој го доби фирма основана непосредно пред распишувањето, сомнителниот бизнис од 14 милиони евра за стерилизација, приватизирањето на службата за брза помош, сомнителните јавни приватни партнерства, набавките на лекови на скопската клиника каде што ќерката набавуваше од веледрогеријата на таткото и на крајот мега скандалот со криминогениот проект изградба на нов Клинички центар за кој нема јасни критериуми, проектна документација и слично, но затоа има 500 милионски кредит во најава.

За неуспесите во здравството на оваа власт доволно говорат епидемијата со морбили, скандалите со вакцините и десетиците смртни случаи кои ја брануваа јавноста, а кои се должеа на недостаток на лекови или несоодветно лекување.Политиките во здравството се насочени или кон приватизација или кон затворање на цели одделенија и здравствени домови ширум државата. Тоа е целосно спротивно на лагите кои ги кажуваа за време на изборите дека ќе овозможат бесплатно и квалитетно јавно здравство.Граѓаните ценат и казната за неодговорното работење и во сферата на здравството ќе ги стаса СДСМ на следните избори”, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Димитриевиќ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против младите кои сакаат европска иднина

Објавено пред

Младите се за НАТО и ЕУ, сигурна иднина и отворени можности, а она што го гледаме е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски работат против интеграција во ЕУ и НАТО, истакна Александар Димитриевиќ од социјал-демократската младина (СДММ).

„Мицкоски сака да ги врати младите назад во темното минато, кога тие беа без шанса и изолирани од светот. Мицкоски не сака младите од нашата држава да ги имаат истите услови како нивните врсници од ЕУ“, порача Димитриевиќ кој нагласи дека заради спас на белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја жртвува иднината на младите луѓе во државава.

Сепак, додаде тој, младите како прогресивна сила тоа нема да го двозволат и незапирливо продолжуваат кон европска интеграција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Фатиме Фетаи се враќа во скопското обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавни обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка...

Македонија10 минути

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавни обвинители го стави...

Свет3 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија3 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија3 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион3 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ3 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет4 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет4 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион15 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион17 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија18 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија23 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Досие