Контакт

Соопштенија

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за јавното приватно партнерство во Царинa.

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лажни обвинувања за иницијативата за јавно приватно партнерство во Македонски царини, реагираат од партијата на власт на ставовите изнесени од страна на Гордана Кочоска-Димитриеска.

„Не е во ред Гордана Кочоска-Димитриеска, која се смета за економски експерт, да ги плаши компаниите со зголемување на нивните трошоци, кога иницијативата за воведување на јавно приватно партнерство во Македонски царини е во почетна фаза, а бизнис моделот се разработува од мешовита работна група во која членуваат надлежните државни институции, вклучително и коморите“, велат од СДСМ.

Информираат дека  се разгледуваат сите аспекти на овој бизнис-модел, кој е пракса во повеќе европски држави, приватни компании да вршат следење и маркирање на акцизните стоки, па дури потоа би следеле евентуални законски измени, кои би ги создале предусловите за спроведување на јавно приватно партнерство во оваа сфера.

„Првичните проценки упатуваат дека преку имплементацијата на овој бизнис-модел во Македонски царини, само по овој основ ќе се обезбедат дополнителни 250 милиони евра буџетски приходи на годишно ниво“, известуваaт од партијата.

Додаваат дека постапката е максимално транспарентна и јавноста во секоја фаза ќе ги има сите информации за сите аспекти на иницијативата.

 

Соопштенија

Џафери: Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Објавено пред

Денеска во салата „Борис Трајковски“, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина којашто во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.

„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.

Собранието е во втората фаза за вакцинација, односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.

Џафери упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 30. роденден на партијата.

„Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за ‘Рекет 1 и 2’, за чантата со рекетирани пари, која, според зборовите на Бојан Јовановски, завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за ‘Мафија 1 и 2’ и за тоа како светски наркобосови зеле македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците од пасошкото“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Од таму додаваат дека Заев, додека славел, ниту еднаш не ги спомнал над 4.600 загубени животи поради, како што истакнуваат од таму, лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.

„Заев молчи и за илјадниците штедачи што останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банка. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства, чии членови го прележаа Ковид-19, се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на вратата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од Ковид-19, а немаше ако Заев набавеше вакцини навреме“, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Објавено пред

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.

„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.

Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на Предлог Закон за потекло на имот, денеска...

Регион2 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Свет2 часа

Директорот на СЗО: Oд досега употребените вакцини, само 0,3 отсто се во сиромашните земји

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, предупреди дека вакцините против Ковид-19 сè уште се недостапни за сиромашните...

Македонија2 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија3 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа3 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет4 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет4 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион4 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет4 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија5 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија6 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија19 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ21 час

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија21 час

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион22 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија22 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ24 часа

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ1 ден

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Досие