Контакт

Соопштенија

СДСМ: Освен што бега од соочување со јавноста, Силјановска дискриминира новинари и медиуми

Објавено пред

Откако избега од соочување со новинарите, кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска, денеска покажа дека дискриминира новинари и медиуми. Силјановска не ги почитува граѓаните и ја продолжува дискриминацијата на новинари и медиуми што осудениот криминалец Никола Груевски ја правеше цели 11 години, соопшти СДСМ.

Според партијата, Силјановска бега од сопствениот народ за кој самата вели дека не го познава. „Силјановска не знае колку војници има нашата армија. Силјановска секојдневно потврдува дека е нечесна и лицемерна пред граѓаните, недостојна за функцијата за која се кандидира. Граѓаните го гледаат тоа и затоа веќе в недела ќе ѝ порачаат дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку вистински претседател на нашата држава и затоа масовно ќе му дадат поддршка на концептот предводен од Стево Пендаровски“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од правдата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се на спротивната страна од правдата, велат од СДСМ и додаваат дека тие докажуваат оти борбата против криминалот не познава партиски бои.

„Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски, а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипала, кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал.

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.

Доказ за тоа е и новиот Закон за Јавното обвинителство, кој набргу влегува во собраниска процедура.

Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски, ќе одговара“, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски. 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, упорно не свикува седница на комисијата. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ, изјави пратеникот од СДСМ Бетиане Китев.

„На тој начин Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои во никој случај нема да се случат. Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ААВМУ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше земјава. Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на AАВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Мнистерството за внатрешни работи“, рече тој.

Како одговорна партија, рече Китев, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Беса: Случајот „Рекет” сериозно му наштети на кредибилитетот на СЈО

Објавено пред

Скандалозниот случај „Рекет“ сериозно му наштети на кредибилитетот на специјалното јавно обвинителство, нерешените случаи со владини претставници кои беа слушнати во некои аудиоснимки. Неуспехот да се добие покана за почеток на преговорите со ЕУ пред овие последователни скандали дефинитивно укажува на слабостите на парламентарното мнозинство, што докажува дека ова власт нема капацитет, но и политички кредибилитет да ја води оваа земја, изјави генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа.

„Движењето Беса има многу забелешки со неспроведувањето на договорот со Владата за време на уставните измени, како и предлог-законот за јавното обвинителство и предложениот закон за попис на населението. Подготвени сме да дадеме свој придонес за да го отклучиме реформскиот процес, но за возврат од Владата бараме да го утврди датумот на предвремени парламентарни избори а до тој датум подготвени сме да седнеме и да ги обезбедиме најдобрите решенија што ќе бидат во согласност со препораките на Европската комисија“, рече тој.

Тој додаде дека Беса е убедена дека октомври нема да донесе никакви промени во врска со добивање датум за почнување преговори со Европската Унија и дека овој месец е само купување време од страна на актуелната влада.

„Ние како опозициска партија сакаме да ѝ сопштиме на јавноста дека сме спремни да пружиме рака за соработка со парламентарното мнозинство со цел да се договориме за да се утврди датумот за предвремени парламентарни избори, а сè до нивно спроведување, Владата да го спроведе договорот за уставни измени, да го донесеме Законот за јавното обвинителство и да се прифати решение за пописот со што пописот на населението да е само од статистички од карактер додека политичките права на етничките заедници се регулирани преку Регистарот за електронско управување во рамките на Министерството за информатика и јавна администрација“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ1 час

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија2 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа2 часа

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија3 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија3 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион3 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија18 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија19 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија19 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија21 час

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија22 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија24 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија2 дена

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Досие