Соопштенија
СДСМ: Попис оваа пролет ќе има

Попис оваа пролет ќе има, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски тоа нема да го спречат, велат од СДСМ.
„Република Северна Македонија има недостиг од квалитетни статистички податоци и токму затоа по речиси 19 години неопходно е потребен попис за да може државата подобро и порамномерно да се развива, да се креираат нови долгорочни развојни политики. Пописот мора да се одржи оваа пролет, откако последниот во 2011 година не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и никој не смее да го кочи или да го одолговлекува“, се наведува во соопштението.
Мицкоски, велат од СДСМ, мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка и својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си ја води на други начини наместо да блокира сè што е во интерес на граѓаните и државата.
„Законот за попис, кој поставува услови за независна статистичка операција, нема да биде повлечен од собраниска процедура, ниту, пак, ќе се поддржат неразумни предлози за одлагање на пописот. Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди. Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции, што значи дека не е возможно да се попишат лица кои не постојат. Пописот обезбедува прибирање квалитетни и точни информации, со кои се овозможува сигурен и предвидлив развој на државата. СДСМ работи во интерес на државата, во интерес на сите граѓани и токму затоа немаме намера да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз

Вештачка радост за наводно мнозинство во Собранието на Заев денес дојде до молење за широка влада, зошто знае дека владата ќе му падне, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз. Денес Зоран Заев нуди широка Влада, а неговиот коалиционен партнер Али Ахмети го одбива. А, во суштина и двајцата се договорени.
Бидејќи на Заев му пропадна секој обид за креирање на тензии во ВМРО-ДПМНЕ, препорачуваме неговиот ас и неформален советник Никола Тодоров да се кандидира за претседател на СДСМ како конкурент на Заев па нека победи покорумпираниот во таа партија“ додаваат од опозициската партија.
Соопштенија
СДСМ: Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување

Идејата за заедничка дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.
„ Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси. Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред“ додаваат од владејачката партија.
Неговата визија, како што се наведува, се промени за поддршка на напредокот наместо блокади и враќање назад, промени за поддршка на НАТО и ЕУ, за правда која важи за сите а не за опструкции, за демократија а не режим, за едно општество за сите а не за поделби.
„ Претседателот Заев отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја, кои се за напредок а не криминално стекнатиот имот на режимот и враќање назад. Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата. Мицкоски безброј пати покажа дека не е еден од нив.
Затоа, Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување.
Губитникот Мицкоски нема капацитет и кредибилитет да учествува во идејата за национално помирување меѓу најодговорните партии. Тој едноставно не поседува политички капацитет вистински да ја разбере“ заклучува партијата.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче се грижи за личните интереси, луѓе умираат

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека бројката на заболени секој ден се зголемува.
„Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција mодуларната болница. За каква контрола говори Филипче додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина? Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија. За руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за в недела некако е несигурен“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, истите колчичини на вакцини кои власта ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, но датум за ниту една вакцина, како што велат, нема.
„Додека Филипче се грижи за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“