Соопштенија
СДСМ: Поразени блокадите на Мицкоски, никој не верува во неговите лаги

Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики, соопшти СДСМ.
„ Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции. Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.
Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.
ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.
Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“ додаваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Андов за бегствата од затвор и одговорност од надлежните

Според ВМРО-ДПМНЕ, надлежните и функционерите што ги раководат затворите се одговорни за скандалозните бегства од затворите што се случуваат во низа.
„На Ковачевски око не му трепнува што во рок од еден месец јавноста дозна за три скандалозни бегства, од кои две се случија во затворот во Шуто Оризари, во кој директорува кадарот на СДС, Филип Андов, наречен Сокол. По ваков случај, Филип Андов требаше да биде разрешен кога веќе самиот нема доблест да си поднесе оставка. По ваква серија бегства од затвор, одговорност треба да понесе и министерот за правда, Тупанчески.
Корупцијата и партизираноста во затворските служби се причината поради која на Македонија ѝ се случува распад на затворскиот систем. Македонија е на врвот во Европа по бегства од затвор. Решето-системот на затворите овозможува сериозни криминалци да бидат во отворени одделенија, да излегуваат, па дури и да ги повторуваат делата додека се избегани од затворите“, се додава во соопштението.
„Да потсетиме, во едно од скандалозните бегства, кое настана поради непочитување на протоколите, еден затворски чувар беше ранет, а во друг случај еден избеган убиец го повтори делото, односно усмрти уште едно лице. Да потсетиме и дека еден од оние што избегаа од затворот имал привилегија да биде во полуслободно одделение, што можеби е резултат на неговата блискост со половина државно раководство на СДС, за што сведочи цел фотоалбум“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Прашуваат што уште треба да се случи за Филип Андов Сокол да биде разрешен? Што уште треба да се случи за некој да понесе одговорност за овие инциденти?
Оваа власт на СДС и ДУИ, истакнуваат од опозициската партија, е криминализирана и затоа криминалците уживаат ваква слобода.
Македонија
СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

Неодговорност, неспособност, непотизам, нефункционалност на општините, покачување на цените на комуналните услуги, задолжување со обврзници – се одлика на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 месеци, истакнуваат од СДСМ.
„Со таканаречена општинска обврзница градоначалникот Бобан Стефковски и Советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Гази Баба за пет милиони евра за нејасни и необразложени проекти. Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата иако наследи општинска каса со 3,2 милиони евра и низа почнати проекти за кои не требаше да потроши ни денар. Претходно, неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски, почна постапка за задолжување на Општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра“, се посочува во нивното соопштение.
За овие обврзници, како што додаваат од СДСМ, не се знае ни колкава ќе биде каматата, ниту кој ќе ги купи и дали тоа ќе го отвори патот одредени компании и бизнис-групи да вршат притисок врз градоначалниците и советите за реализација на своите интереси.
„Но, се знае дека граѓаните, наместо развој и решавање на проблемите, добиваат долгови, кои ќе ги враќаат со години. Дополнителен удар врз стандардот на граѓаните предизвикаа општините Гевгелија, Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш со драстично зголемување на цените на комуналните услуги. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување за граѓаните“, се истакнува во реакцијата.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија

Ковачевски и Пендаровски сè уште молчат пред македонската јавност за тоа дека странски агентури работат и стојат зад тензиите помеѓу Македонија и Бугарија. Тие треба да престанат да ги штитат и јавно да ги кажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Самото молчење од нивна страна повлекува повеќе прашања и нејасности. Ако ова е вистина, зошто транспарентно не излезат да соопштат кои се тие лица и агентури, кои отворено работат против државата или можеби некој од власта ги штити?
Исто така, во случај да се работи за несреќна изјава на Пендаровски, односно тоа што го кажа, ако не е вистина, која е причината? Причината е да се скрие и да се замајува јавноста од неспособноста на Пендаровски и Владата, да ги штитат националните интереси на Република Македонија.
Дали Ковачевски и Пендаровски работат за интересите на странските служби, кои ги подбуцнуваат инцидентите. Оваа власт е неспособна на секое можно поле и е достигнато секое можно дно што може да се постигне во политиката“, се додава во соопштението на партијата.