Контакт

Соопштенија

СДСМ: Последните случувања покажаа дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја

Објавено пред

Државата за само 2 години успеа да изгради институции и да создаде систем кои се борат против корупцијата и криминалот. Со последните случувања се покажува дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја. Сите се еднакви пред законите.

„Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена. Единствено, Христијан Мицкоски е против правдата. Со неуспешно алиби Мицкоски е во нов обид да се блокира напредокот на земјата. Единствената работа за која се грижи е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи со или без него. СДСМ ќе направи сè, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, соопшти владејачката партија.

Соопштенија

ДОМ: Да ги преиспитаме нашите активности кои нанесуваат штета на природата

Објавено пред

Оваа година, меѓународниот ден на животната средина 5 јуни, се одбележува со слоганот „Време е за природата“ и не повикува сите нас жители на планетата Земја да покажеме поголема грижа за екологијата и за заштитата на животинскиот и растителниот свет, велат од зелената партија ДОМ.

Од таму порачуваат дека одбележувањето на светскиот ден на животната средина е повод уште еднаш да ги преиспитаме нашите активности кои нанесуват штета на природата.

„Природата која ни обезбедува се што ни е потребно, е загрозена од најразлични влијанија и секој од нас поединечно и организирано треба постојано да придонесува за нејзина заштита“, се наведува во партиското соопштение.

Вообичаено зелената партија ДОМ овој ден го одбележува со акции, како чистење на одредени локации од отпад, садење дрвја и цвеќиња, но поради сегашните околности со корона-пандемијата, ваквите активности ги одложуваат за следниот период.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е најголемиот ковид-кластер во Македонија

Објавено пред

СДСМ не знае и не умее да се справи во коронавирусот во државата, а доказ за тоа е високата бројка на новозаразени и починати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради нивната желба за избори и фотелја голем број на функционери заминаа во самоизолација, а и неколкумина излегоа позитивни на Ковид-19“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека заразен е потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, а поради контакт со него во самоизолација се Мила Царовска, Оливер Спасовски, Дамјан Мачевски, директорот на финансова полиција, директорот на служебен весник и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„СДСМ е најголем кластер во Македонија. Не внимаваат ниту на себе, ниту на граѓаните. Нивната неодговорност им се удри од глава“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека очигледно е оти владејачката партија го загубила компасот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со партиски вработувања, од „Дрисла“ прави канцеларија на СДСМ

Објавено пред

Во услови на тешка економска криза и во моменти кога се кратат плати, скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку претпријатието „Дрисла“ склучил јавна набавка за нови времени вработувања со што директно ја отвора вратата за нови партиски вработувања, обвинуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Од таму велат дека од „Дрисла“ Шилегов прави партиска канцеларија на СДСМ каде во овие тешки времиња сумата која ќе се издвои за таа намена е 8.614.000 денари или 140 илјади евра.

„Непозната е бројката која ќе се вработи, но затоа сумата гарантира дека ќе се вработи добро платена работна сила. Овие партиски вработувања доаѓаат во време кога СДСМ и Шилегов бараат избори. Ова докажува дека ги злоупотребуваат институциите, а Шилегов во услови на криза преку ‘Дрисла’ прави партиски вработувања тешки 140 илјади евра“, се наведува во соопштението на Совеничката група во кое се упатува апел Шилегов да се откаже од набавката и склучениот договор, да ја поништи истата, а парите да се пренаменат во решавање на проблемите на скопјани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија2 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет3 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ4 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа5 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет6 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион18 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион19 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија20 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ21 час

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија22 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија23 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија1 ден

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ1 ден

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија1 ден

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион1 ден

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет1 ден

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Досие