Соопштенија
СДСМ: По години стагнација, за овие две години економијата расте

Во последните две години откако СДСМ го презеде управувањето со Владата, по спроведените мерки и реформи, забележано е сериозно придвижување на економијата. По години стагнација, екомијата расте. Од минусното салдо од -1,8 отсто во вториот квартал на 2017 година, во четвртиот кваертал од 2018 година забележан е раст од 3,7 отсто на БДП, соопшти владејачката партија.
Според СДСМ, јавниот долг е стабилизиран, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а сериозно се намалени и каматните стапки.
„Вратена е довербата во економијата, за две години влезени се 20 нови странски инвестиции, а во 2018 забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Само во 2018 година отворени се 26.600 нови работни места, што придонесе стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто. По зголемувањето на минималната плата, се отвори спиралата на раст на платите, растат платите во сите сектори, а просечната плата во 2018 година бележи пораст од 5,9 отсто.
Ова се само дел од реалните податоци што ја покажуваат успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ во изминатите две години. По години стагнација, имаме силна економија, која нуди еднакви шанси за сите“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од фактот дека има незаконски долг од 400.000 евра за кампања, СДСМ нема долг

Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од фактот дека има неподмирен долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати. Тоа е класично прекршување на изборниот законик за кое одговорност мора да има, соопшти СДСМ.
Наместо да лаже, ВМРО ДПМНЕ треба да размислува за одговорност на поединци во оваа партија за овој нов скандал. Ниту една лага од белиот дворец не може да сокрие дека ВМРО-ДПМНЕ се навикнати да не ги подмируваат своите обврски за време на кампањите.
За разлика од спорните финаниски извештаи на ВМРО-ДПМНЕ со дупки од 3.5 милиони, 400 илјади евра и слични скандали, финансиските извештаи на СДСМ се кристиално чисти, реални и по сите законски норми и прописи. СДСМ нема долг.
Во Финансискиот извештај за кампањата на Стево Пенаровски јасно стои дека наведената разлика е поради неплатени обврски на Државната изборна комисија кон електронски медиуми, за кои, патем, самата ДИК дозволила да вршат медиумско платено покривање на претседателските избори, но потоа не ги потпишала асиганциите за плаќање кон електронските медиуми.
За причините треба да се побара одговор од Државната изборна комисија. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра со непотпишаните асигнации од ДИК не може да се споредува. Добро е што во ВМРО-ДПМНЕ го разгледувале финансискиот извештај за кампањата на Стево Пендаровски, за да научат што е целосен, прецизен и транспарентен финансиски извештај, навреме затворена сметка согласно законските прописи, за разлика од финансискиот извештај на Сиљановска, кој е доставен на несоодветен образец и не дава реална слика за потрошеното, патем со незаконски долг од 400.000 евра“, велат од партијата.
Соопштенија
СДСМ: Растот на извозот од 10,8 отсто потврдува дека сме на прав пат во економијата

Според податокот на Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, бележи пораст за 10.8 % во однос на истиот период од претходната година, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.
Од таму велат дека ова покажува оти довербата во нашата економија е вратена, нашето стопанство е развојно и конкурентно на странските пазари.
„Со официјалното членство во НАТО кое е извесно и со приближувањето до ЕУ, дополнително ќе се интензивира растот на извозот, но и позитивно ќе се влијае на отворање нови работни места и зголемено производство“, стои во партиското соопштение.
Во него се додава дека СДСМ ќе продолжи со спроведување мерки и политики кои обезбедуваат раст и развој и поконкурентна економија.
Соопштенија
Ристовски: Правдата е побавна, но ќе дојде, постојат механизми за прочистување на судството

Единствени што бегаат од правдата во оваа држава се од ВМРО-ДПМНЕ, но залудни се сите обиди да се искриви вистината и погрешно да се насочи јавноста, порача Оливер Ристовски, заменик-министер за правда и член на ЦО на СДСМ, на трибината со назив „Правда наместо амнестија“.
Како што рече тој, судовите и Обвинителството не се пречка за постоење и владеење на правдата, туку за тоа се одговорни поединци.
„Не дека сè е идеално, туку има многу работа, правдата е побавна, но ќе дојде“, рече Ристовски.
Според него, за прочистување на судството има доволно механизми во сегашните законски решенија, кои досега не се применувале.
„Државната комисија за спречување корупција најави дека во годишниот план за 2020 година, во првото тримесечје, ќе влезе проверката на судиите и јавните обвинители. Ќе се проверува и оценува постоењето непотизам, начиниот на кој се избрани, знаеме како се избираа во периодот од 2006 до 2016 година“, нагласи Ристовски.
Покрај тоа, како што рече, од страна на УЈП, врз основа на законски основи и механизми, ќе се спроведуваат постапки за потеклото на имотот и примањата на судиите.
Ристовски исто така напомена дека по однос на ова прашање потребни се поголема улога и активност од страна на граѓанскиот сектор.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци