Соопштенија
СДСМ: Потврдено, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се извор на лажни вести

Студија на Европската унија и амбасади во државава само го потврдија она што граѓаните одамна го знаат, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се извор на лажни вести, дезинформации и манипулации, велат од СДСМ.
„Мицкоски глуми загриженост за македонскиот идентитет, а факт дека не се преговара, ниту ќе се преговара за идентитетот и за македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија. Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а организира протести на кои, малубројните приврзаници не ги почитуваат мерки за заштита“, велат од партијата.
Протестите, додаваат од СДСМ, се единствено за спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец во стечај, кој е фабрика за лажни вести, измислици и дезинформации, на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.
„Граѓаните на 15 јули одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, а Мицкоски го оставија во опозиција, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев на маса во ресторан во Полошкиот Регион ги договорил точните проценти од пописот

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се нервозни, па штом ќе се најдат во офсајд или наидат на отпор во јавноста заради погрешните политики, веднаш го споменуваат Груевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на портпаролот на владејачката партија кој го обвини поранешниот премиер за вмешаност во, како што кажа, саботажата на пописот.
Од опозициската партија воедно го повикуваат Костадинов да одговори дали е вистина дека Зоран Заев точните проценти од пописот ги договорил на маса во ресторан во Полошкиот Регион и дали, како што велат, сè друго е фарса која ќе ги чини граѓаните 10 милиони евра.
„Јавноста јасно виде дека СДСМ прави политичко-пазарџиски договор наречен попис, за кој веќе јавно се лицитира со резултати, бројки и проценти. Ваквиот насилен попис кој е продукт на стандарди и пазари на Заев, создава конфликти во јавноста и за тоа одговорност има само СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, постојат и факти дека се работи за гола политика, а не статистика.
„Пописот се спроведува со врзан потпис на директорот и заменик-директор на ДСЗ, пописот се спроведува надвор од европските стандарди и предвидува попишување на нерезиденти, пописот ќе се прави без јасна методологија со обично диктирање матични броеви, без приложување документи, па уште се оди до таму податоците на отсутните да ги диктираат лица кои најдобро ги познаваат“, велат од опозициската партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 20 медицински лица се заболени од Корона-19 на Клиниката за нефрологија

Дваесет медицински лица се заболени од Корона-19 на Клиниката за нефрологија, во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека прашање е дали воопшто ќе може таа клиника да функционира во наредниот период.
Од опозициската партија јавно прашуваат што ќе се случува со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи и оние кои без дијализа не можат да живеат.
„Зарем не ги јаде совеста Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Тие двајца дозволија масакр и ги оставија на цедило медицинските лица кои се на првата борбена линија“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека надлежните најпрво не обезбедиле заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема ниту вакцини за никого.
Соопштенија
СДСМ: Пописот е потребен за напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги манипулира граѓаните

„По речиси две децении, со усвојувањето на Законот за попис и потпишувањето на Указот од страна на претседателот на државата, се исполнети сите нормативни услови за одржување на пописот, како најобемна статистичка операција, според сите меѓународни стандарди.Со пописот што ќе се одржи оваа пролет ќе се соберат релевантни податоци за креирање идни политики и стратегии за развој на државата“, соопшти СДСМ.
Според партијата, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за политизирање и опструкција на пописот и се неодговорни и нема да поминат, бидејќи одржувањето на пописот е во интерес на граѓаните и на развојот и напредокот на државата.
„Собирањето потписи против Законот за попис од страна на ВМРО-ДПМНЕ им служи единствено за партиска агенда и треба да бидат чесни и на граѓаните да им објаснат дека само со потписи не се поништува Законот.Исто така, обидите да се калкулира со проценти за етничка припадност се непотребни, пописот е статистичка операција, што ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.
Но, ВМРО ДПМНЕ се научени да бојкотираат, да бидат на спротивната страна на интересите на граѓаните и на државата. Наместо да се стремат за подобар живот на сите граѓани, прават раздор меѓу народот, ги повикуваат граѓаните да ги кршат законите.Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ диригирани директно од Будимпешта и токму затоа шест пати по ред ги поразија на избори. СДСМ како одговорна партија интересот на граѓаните и на државата е на прво место и нема да отстапи пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат шанса за себе“, се вели во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот