Соопштенија
СДСМ: Првите вакцини против коронавирус пристигнуваат наредниот месец

Трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани од коронавирусот, како и на процентот на позитивни од тестираните продолжува, а со тоа се намалува притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети, соопшти СДСМ.
„Ова се должи на почитувањето на мерки за заштита од коронавирусот од страна на мнозинството граѓани, како и на засилените инспекциски контроли. Намалувањето на бројот на заразени и хоспитализирани не е причина за опуштање, туку напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.
Првите вакцини пристигнуваат во земјата веќе од наредниот месец!
Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021 година, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари. Истовремено, Владата преку два други механизма ќе обезбеди дополнителни дози на вакцини против коронавирусот.
Едниот од нив е механизмот „Ковакс“, од каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини.
Вкупно, преку сите три механизми во оваа година треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население. Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на целото население, за конечна победа над пандемијата. Затоа е потребно трпение и дисциплина од секој еден од нас, за што побрзо да се вратиме во нормалните текови на животот“, додаваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот

Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот, велат од СДСМ.
„Состојбата со пандемијата со коронавирусот во државата се стабилизира, бројот на новорегистрирани случаи и на починати е намален, расте бројот на оздравени. Бројот на хоспитализирани пациенти во државата е намален двојно, со што значително се намалува притисокот врз здравствениот систем и медицинскиот персонал. Стабилизирањето на состојбата е благодарение на почитувањето на мерките од страна на мнозинството граѓани и засилените инспекциски контроли. Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме“, веат од СДСМ.
Напротив, додаваат од таму, сите треба, како и досега, да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.
„Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот. Многу брзо ги очекуваме првите 8.000 вакцини, од компанијата Фајзер, кои се обезбедени со помош на соседна Србија Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините така што наскоро може да започне имунизацијата. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението, за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми, државата обезбедува вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60-70 отсто од вкупното население. Сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас. Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје, за да ставиме конечен крај на пандемијата и што побрзо да се вратиме во нормалното функционирање“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија

Заев наместо врз Бугарија прави притисок врз историската комисија, смена на членовите е со намена на притисок за прифаќање на ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нетранспарентното менување на членот на историската комисијата со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината. Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и го деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти. Со отстранување на членот на комисијата, Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде има свои послушници. Наместо да се штити професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија, за да си ги задоволи своите сметки и бизниси“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата кој, како што велат од партијата, беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон останатите членови, за казната која би ја добиле.
„Целта е јасна да се потпишат и да се согласат сите членови на се што ќе каже деспотот Заев, за да може да се пазари со идентитетот. Повеќе од три месеци Владата молчи за Анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини. Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена, не бирајќи средства и начини. Секое премолчување и сокривање на вистината како непојавувањето на Димитров во македонското собрание, Заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија ќе бидат повторно погубни за националните интереси, затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнис“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше против НАТО

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против државните интереси и се обидува да ги дискредитира институциите и да го наруши угледот на државата и на армијата, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, срамот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ кое правеше сè за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не собра сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридецениската стратешка цел на Република Северна Македонија. Токму Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ велат дека ДПМНЕ ја држеше земјата 11 години во изолација, ги држеше војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови.
„Војниците сега од глава до петици се облечени во ново. За три години три пати се зголемени примањата во армијата. Примањата на војниците и подофицерите, заедно со додатокот за станбено обезбедување се зголемени за 50%, а на сите цивилни лица платите им пораснаа за најмалку 26%. Срамно е темата за НАТО да ја злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја“, пишува СДСМ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот