Контакт

Соопштенија

СДСМ: Прифатена иницијативата за недела неработен ден, судските такси намалени до осум пати

Објавено пред

„Како одговорна партија СДСМ постојано работи на креирање и реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните. Ги реализираме дадените ветувања во Програмата.Владата предводена од СДСМ ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Според партијата, сега во надлежното министерство, во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства.

„Ова е сериозен чекор во градењето на фер општество за сите и сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките.На сила стапија измените на Законот за судски такси, со кои граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега граѓаните нема да платат повеќе од 6.000 денари.Со ова, правдата станува подостапна за сите, имајќи предвид дека претходните судски такси беа превисоки што често беше причина граѓаните да се откажат од барање правда поради високи финансиски трошоци.Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Покажуваме дека можеме уште повеќе и уште подобро“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е навикнат да става сопки во клучни моменти за напредокот на државата

Објавено пред

Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Христијан Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, велат од СДСМ како реакција на денешната вонредна прес-конференција на лидерот на опозициската партија.

Во неа се нагласува дека за јазикот и за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара бидејќи, како што се вели, тие веќе се потврдени и признаени.

„Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата. Целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки во клучни моменти и обиди за кочење на напредокот, на државата“, велат од СДСМ од каде додаваат дека Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левица: Министерството на Груби е како во црна дупка, две години нема никакви активности

Објавено пред

Со тоа што официјалната интернет-страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е достапна само на албански јазик, ова министерство не го исполнува основниот услов како орган на државната власт во Република Македонија, реагираат од политичката партија Левица.

Од таму појаснуваат дека на веб-страницата има опција за македонски јазик, но доколку се кликне на истата, покажува дека е во изработка.

„Ова е голем пропуст на Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, кој во своите основни надлежности буквално има дефинирано грижа за ‘функционирање на политичкиот систем’“, стои во соопштението на Левица во кое се додава дека откако е оформено ова министертсво пред скоро две годоини, буквално нема никакви активности.

„И покрај тоа што истото е меѓу рекордерите по бројот на вработени, сепак, ‘црната дупка’ во однос на неговите активности го прави своевиден фантом во политичкиот систем на Република Македонија“, велат од Левица.

Според партијата, од она што може да се види на интерне- страницата на Владата за тоа кои се задолженијата на ова ново министерство, лесно е да се увиди дека истото, како што велат, е формирано како еден вид полицаец, кој ќе контролира институции за спроведување на Рамковниот договор, како и за спроведување на правото на употреба на јазиците.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно за јавното здравје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен, соопшти СДСМ.

„Пандемијата зеде замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот Владата предводена од СДСМ прави с è за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија6 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија7 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет8 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен9 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија12 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија14 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија14 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура15 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа16 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет16 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија17 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион17 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа17 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет17 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет18 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет18 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет18 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет19 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Досие