Соопштенија
СДСМ: Продолжуваат инвестициите во инфраструктурата, го носиме „Најдоброто за секоја општина“

СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев континуирано покажува вистинска грижа за граѓаните преку реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и носат напредок и развој на општините, велат од СДСМ.
„Како одговорна и домаќинска партија остануваме целосно посветени на градење современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, секое село. Само со СДСМ и „Најдоброто“ продолжува силниот тренд на раст на инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, како и поддршка на инфраструктурата неопходна за алтернативниот туризам и локалниот економски развој“, се наведува во соопштението.
Како одговорна, социјалдемократска партија, додаваат од партијата, комуналната инфраструктура останува најважниот фокус од нашето работење, а општините кои го носат најдоброто плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.
„Водовод и канализација во секое населено место мора да има. Асфалт наместо кал. Чиста наместо загадена вода. Хигиена наместо ѓубре. Услуга за граѓаните наместо злоупотреба на парите на граѓаните. Граѓаните на овие избори одлучуват кој инвестира во сегашноста, а кој го руши сработеното и враќа во минатото. СДСМ инвестира во сегашноста и така ќе продолжи и во следните четири години“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Произведени 19.942 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 30.1.2023 година произведе 19.942 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Во термоелектраните произведени се 14.845 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк во Богданци произведени се 5.097 MWh.
*Податоците се преземени од диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 30.1.2023 година
Македонија
СДСМ: Расипничка локална власт на ВМРО-ДПМНE, милионски задолжувања и во Гази Баба

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги решава проблемите на граѓаните, расипнички ги троши народните пари и ги задолжува општините. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја задолжува една од најбогатите општини во државата за цели 5 милиони евра“, соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „иако пред 15 месеци наследи полна општинска каса со 3,2 милиони евра, сега ја задолжи општината со предлог во кој не е наведено дали има подготвено проекти и проектна документација“.
„Градоначалникот на Гази Баба не кажа ниту колкав ќе биде периодот на отплата, колкава е каматната стапка, ни дали потенцијалните купувачи може да дојдат во спрега со инвестициските проекти. Стефковски ги изигра и потцени граѓаните на општина Гази Баба. Тој никаде во предизборната кампања не им вети на граѓаните вакво задолжување. Стефковски, наместо за граѓаните, работи за лични и за интересите на својот шеф Христијан Мицкоски, Гази Баба од општина со полна буџетска каса, од општина со план за развој, благодарение на Стефковски за помалку од една и пол година, стана задолжена општина, потоната во безидејност и стагнација“, стои во партиското соопштение.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески

„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот во Шуто Оризари, каде што директор е кадарот на СДС, Филип Андов-Сокол. Имено, лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од ‘слободното одделение’ на затворот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму потсетуваат дека „пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички фотографии со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту Владата му бара оставка ниту се најавува смена“.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето-систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот ‘Идризово’, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и другите, покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали Владата на Ковачевски чека и во затворот во Шуто Оризари да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност од Филип Андов-Сокол и од Тупанчески? Затоа потребна е оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески веднаш“, стои во партиското соопштение.