Контакт

Соопштенија

СДСМ: Промените во партијата значат нова енергија, а белиот дворец останува симбол на криминал

Објавено пред

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски, која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека белиот дворец и натаму останува симбол на одбрана на криминалот.

„Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова дополнителна енергија за забрзување на напредокот“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ги корумпира, злоупотребува и врши притисок врз медиумите во Македонија

Објавено пред

Медиумите под контрола на Зоран Заев изминативе неколку денови во повеќе наврати се фатени живи како шират лажни вести по нарачка од СДСМ, кој е во паника од претстојниот изборен пораз, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, дека 2,5 милиона евра од Унгарија завршиле во домашни медиуми.

„Зоран Заев ги злоупотребува медиумите, а Македонија е жртва на хибриден режим. ‘1ТВ’, за која и Заев тврдеше дека е провладина, беше претворена во алатка за рекет, политички притисок и изнудување милиони евра од бизнисмени. Целата јавност слушна дека Зоран Заев знаел и за сумите и за лицата што се рекетираат, а стоел зад финансирањето на медиумот преку кој работеа неговите соработници Катица Јанева и Боки 13. МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во ‘Нетпрес’, само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите“, се наведува во реакцијата.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски, новинарот и уредникот на „Лидер“, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизијата „Алфа“, додаваат од партијата, се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

„Овој хибриден режим, заедно со СДСМ и Заев, на 12 април ќе падне од власт. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ослободи Македонија и медиумите од режимот на Заев. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува чесните и професионални обвинители да се охрабрат и да отворат предмет за улогата на Зоран Заев во случајот „Рекет“ и неговата инволвираност во финансирањето и активностите на рекетарската ‘1ТВ’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Кузеска: Обвинителството да провери дали 2,5 милиона евра од Унгарија завршиле во домашни медиуми

Објавено пред

Еден медиум во Словенија неодамна објави истражувачка сторија во која откри дека сума од два и пол милиона евра од Унгарија завршиле во телевизијата „Алфа“ и во три интернет-портали – „Курир“, „Лидер“ и „Нетпрес“, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации. Тоа се истите медиуми што режимот на Груевски со години ги финансира со државни пари за да го одржуваат на власт. Сега неговиот ученик Мицкоски продолжува со странски, црни пари, да ги финансира партиските мегафони за да шират антидржавна медиумска кампања, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Оваа прес-конференција е со цел да ги повикаме јавните обвинители да постапат по објавените информации за нелегални пари од надвор, кои завршуваат во медиумите. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите еднакво. Како што открива новинарското истражување, овие пари од Унгарија се користат за црна кампања против успешните политики на СДСМ. Поконкретно, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат договорот со Грција и со текстовите негативно да влијаат на членството во НАТО, што значи мисијата на медиумите и сомнителните унгарски пари е антидржавна и ги загорзува европските аспирации на државата“, рече таа.

Сега, додаде Кузеска, е јасно како центарот за лаги и манипулации на опозицијата продуцира толку лажни случаи против Владата, ги пласира во медиумите под нивна контрола, а потоа ги прераскажува од белиот дворец. Ним очигледно, рече таа, им помагаат надворешни антидржавни фактори, кои со корумпирање на медиумите ги загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

„Праксата со корумпирање на медиумите беше одлика на 11-годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски. Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со азилантот Груевски од Будимпешта, центарот од кој се слеваат црните пари. Како одговорна и демократска партија СДСМ е посветена на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но истовремено и на борба против лажните вести и измислици, како и сомнителното финансирање медиуми“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Најповикан за лажни вести во белиот дворец е Николовски, кој веќе еднаш загуби на суд за клевета

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски во очај продолжуваат да измислуваат и да пласираат лажни вести, а најповикан за тоа е токму Николовски, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвини дека Зоран и Вице Заев два дена не кажувале што разговарале со осомничените во „Рекет“.

„ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство. ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски знаат дека се поразени од сите што ` мислат добро на земјата и затоа постојано измислуваат и и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести. А најповикан за лажни вести во белиот дворец е токму потпретседателот Николовски, кој веќе еднаш загуби на суд за изречена клевета. Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за Jавно обвинителство и неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија2 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија2 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава3 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет3 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион4 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет4 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет4 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет5 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија15 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ21 час

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ23 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија1 ден

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 ден

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Досие