Контакт

Соопштенија

СДСМ: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ носеше најнегативни извештаи на Стејт департментот

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за режим, заробена држава, криминал и кршење на човековите права. Извештајот за човекови права на Стејт департментот на САД, по црни 11 години, конечно, нотира напредок во слободата на медиумите и судството, соопшти СДСМ.

„Во црните 11 години за Република Северна Македонија, време во кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, му беше советник на неговиот ментор Груевски, извештаите изобилуваа со сериозни забелешки за огромното ниво на корупција, мешањето во судството и ограничувањето на медиумите.

На пример, во 2015 година, токму кога Мицкоски му беше советник на Груевски, главните забелешки на Стејт департментот беа дека постои директно учество на високи и владини претставници во нелегални активности и корупција, ограничена медиумска слобода и директно мешање во судството.
За разлика од таквите извештаи, извештајот за 2018 година покажува напредок во слободата на медиумите и судството.

Стејт департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристрасно судство.

Извештајот на Стејт департментот е охрабрувачки и мотивира да се продолжи со реформите, да се надминуваат пречките и да се работи исклучливо во интерес на граѓаните“, одговори СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: За Заев, поважен е законот за дроги отколку македонските евроинтеграции

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворањето на македонската интеграција за почеток на преговорите во ЕУ туркаат закон за дроги и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, за Заев, поважен е законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово отколку македонските евроинтеграции.

„Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек, законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој би се повикувал овој закон“, посочи партискиот портпарол, кој потоа се задржа на средбата на премиерот со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната.

Според Стоилковски, токму по таа средба Заев изготвил закон од кој има личен интерес и, како што рече портпаролот, со европско знаме го доставил пред пратениците.

„Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребува власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси. Затоа, бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели“, посочи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Голем интерес за акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 граѓани посочија на проблеми

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва оствари средба со граѓаните од Кисела Вода, на која порача дека партијата почнува нови активности, поради, како што кажа, големиот интерес во државата во врска со акцијата и теренските активности што ги води ВМРО-ДПМНЕ.

„Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд, секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани, пречекани од страна на активистите, да можат да ги запишат, односно да ги сослушаат граѓаните кои се нивните проблеми во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија нагласи дека досега повеќе од 15.000 граѓани, директно или индиректно, ги артикулирале своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ.

„Од викендот практично почнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она коешто претставува реален проблем што е дел од нивното секојдневие“, нагласи Мицкоски и додаде дека очекува од СДСМ набрзо да се охрабрат и да излезат на предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пензиите растат и ќе продолжат да растат, а ВМРО-ДПМНЕ лицемерно лаже

Објавено пред

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Слаѓана Митовска од опозициската партија која кажа дека ќе поднесат предлог-закон за зголемување на пензиите.

Од СДСМ, пак, велат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги усогласувала надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори.

„Денес пензиите се усогласуваат согласно Закон, двапати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своите изјави покажуваат само безидејност и лицемерие.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет12 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион14 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија15 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет16 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион17 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија17 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија18 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија19 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ20 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија20 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ21 час

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија21 час

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа21 час

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија22 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа23 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 ден

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет1 ден

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа1 ден

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија1 ден

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Досие