Контакт

Соопштенија

СДСМ: Решен деценискиот проблем, укинати квотите за лекови на рецепт

Објавено пред

СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните без проблеми ги подигнуваат потребните лекови од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв дека ќе се потроши квотата, соопшти партијата.

„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепти.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи. Им го вративме достоинството на здравствените работници и постојано го унапредуваме системот за здравствена заштита. СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем, се грижиме за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Во тек се сериозни разговори за формирање нова влада која обезбедува грижа за сите еднакво

Објавено пред

СДСМ почна сериозни темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии, кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во парламентот и формирање посветена влада, која ќе се движи бргу напред по европскиот пат и патот на економијата и правдата, соопшти СДСМ.

„Разговараме исклучиво за формирање влада која се грижи за сите граѓани еднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или каков било национализам. Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат, кој се вика Северна Македонија – едно општество за сите.

На 15 јули граѓаните на фер, слободни и демократски избори го дадоа правецот, дадоа силна поддршка грижата за сите во едно заедничко општество да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Тоа го побараа граѓаните на изборите и тоа новата влада предводена од СДСМ и ќе го испорача. За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме. Во следниот четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лицемерен кога се правда, тој во континуитет врши притисок и етикетира новинари

Објавено пред

„Зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став. Тој изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми и поминуваше несанкционирано физичко насилство врз новинари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „јавноста сè уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес-конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите“.

„И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Приоритет во преговорите за новата влада е борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа

Објавено пред

СДСМ води сериозни преговори за формирање влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот, на која еден од главните приоритети ќе ѝ биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, соопштија од партијата.

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење, следуваат санкции“, велат од СДСМ.

Тие што во име на граѓаните водат институции, додаваат од партијата, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, велат од СДСМ, ќе воведеме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и во судската власт.

„Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa. Во следниот четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули, виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само околу половина од заболените и излекуваните...

Свет2 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет3 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет3 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион14 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет15 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет17 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет18 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија20 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија20 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион22 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија22 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија23 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија23 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет1 ден

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет1 ден

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет2 дена

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет2 дена

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Досие