Контакт

Соопштенија

СДСМ: Скандалот со криминалните парцели води директно до Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Македонската јавност деновиве е сведок на голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски, посочуваат од СДСМ.

Како што велат од таму, неколку луѓе, кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ, купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра.

Според партијата, истите парцели две-три недели подоцна биле продадени и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милион евра.

„Истрагата треба да даде одговор на прашањето дали разликата од над 1,5 милион евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец?

Во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г., поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т., поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.

Но, овој скандал добива драстично поголема димензија бидејќи едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.

Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, е вреден 500.000 евра“, се наведува во соопштението на СДСМ во кое се додава дека јавноста заслужува и мора да знае каква е поврзаноста на Мицкоски со овој скандал.

Соопштенија

Левица: Комисијата за корупција да испита како директорот на ФЗОМ, Стево Крстевски се стекнал со енормен имот

Објавено пред

Директорот на ФЗОМ од редовите на СДСМ, Стево Крстевски, согласно неговиот јавно објавен анкетен лист поседува личен имот, кој вклучува станови, удели, депозити, куќа и тоа во вкупна вредност од околу 16 милиони денари, несметајќи го и дополнителниот имот на неговиот брачен другар, кој исто така воопшто не е за потценување. Најголем дел од имотот е стекнат за време на владеењето токму на СДСМ, информираат преку соопштение од Левица.

„Гледајќи ја вкупната сума на имотот кој тој го поседува, легитимно е да се постави прашањето на кој начин истиот ги стекнал средствата за купување на овие недвижности, како и дали во тие средства се вклучени и финансии кои Стевчо Крстевски ги стекнал преку вршење на договорени услуги кон државата?! Дополнително, вредноста на објавениот имот, по сите економски параметри, не може да биде стекната само од државната плата која Стево Крстевски ја добива како директор“, велат од оваа партија.

Споредуваат со обичниот работник, кој како што напоменуваат, заработува минимална плата, му требаат скоро 90 години за да успее да го заработи ваквиот имот.

Ова, според Левица, само ја истакнува, како што велат, лажната слика која од СДСМ се обидуваат да ја наметнат дека наводно се борат за правата на обичните работници, како и фактот дека само при владеење на хибриден режим е можно стакнување на вака голем имот во рекордно кратко време.

„Се работи за директор кој е партиски послушник на владејачката криминална клика и кој, противзаконски и насилнички, деградира од работни места роднини на истакнати членови на Левица“, појаснуваат од партијата.

За вакви ситуации, кога е евидентно постоење на основи за сомневање за незаконско богатење, додаваат од таму, јавноста очекува одговори.

„Дополнително, како партија ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција, да постапи согласно своите надлежности, утврдени со Законот за спречување корупција и судирот на интереси и да преземе соодветни мерки и активности за истражување на наведениот случај“, стои во писмената реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пионот на Заев, кој ниеднаш не се спротивстави на погрешните политики

Објавено пред

Зоран Заев си избра послушен продолжувач на заевизмот во СДСМ во Димитар Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Целиот циркус и драматизирање за наводни демократски избори во СДСМ се непотребни, додаваат од оваа партија.

„Јасно е дека Заев во приватната и заробена партија СДСМ си инсталира свој пион, наследник, портпарол и продолжувач на погубните политики. Димитар Ковачевски е човек што беше дел од погубните политики на Заев како заменик-министер за финансии. Тој е дел од екипата поради која Македонија се дави во економска, енергетска и здравствена криза. Ниту еднаш не се спротивстави на политиките на Заев поради кои Македонија потона во криминал и корупција. Затоа, за Заев, Ковачевски е идеалниот наследник, кој ќе молчи и ќе ги прикрива криминалите на својот ментор“, се истакнува во нивното соопштение.

Ковачевски, истакнуваат од партијата чиј лидер е Христијан Мицкоски, е втората генерација на олигархијата и транзициските политичари. Првата генерација, сметаат од таму, преку приватизацијата грабаше, а овие вторите ја докусурија Македонија.

„Доста е од транзициските политичари. Граѓаните на избори јасно покажаа дека се против Заев и заевизмот. Народот бара суштински промени. Тие промени ќе дојдат по брзи предвремени избори кога Заев и заевизмот ќе бидат испратени во историјата“, потенцираат во писмената реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза

Објавено пред

Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту спор што има безбедносен карактер. Обидот на Груби и на власта да градат на таа теза преговори е поразително за државата. Македонија е земја членка на НАТО и со тоа сите безбедносни прашања се затворени. Во рамките на границите на државата има Министерство за внатрешни работи, кое ја чува безбедноста. Власта да не наоѓа изговори за нови отстапки и понижувања“, стои во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија додаваат дека македонските позиции што ги гарантира декларацијата што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ се јасни и од таму појаснуваат дека е поддржана од сите партии во парламентот и ништо надвор од неа не смее да биде сторено.

„Очекуваме Бугарија во духот на европските вредности и добрососедските политики да не ја попречува Македонија кон ЕУ. Напредокот на државата го заслужуваат граѓаните“, прецизираат од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Свет2 часа

Директорот на „Модерна“: Постојните вакцини помалку ефикасни против новиот сој омикрон

Извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека е малку веројатно оти вакцините против Ковид-19 ќе бидат исто...

Македонија2 часа

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните...

Македонија14 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија16 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија17 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија20 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија21 час

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија21 час

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа23 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија24 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија3 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Досие