Контакт

Соопштенија

СДСМ: Создаваме и поддржуваме нови кадри, а ДПМНЕ се заглавени во режимската матрица

Објавено пред

Очигледен е стравот во белиот дворец од претседателот Димитар Ковачевски и новото раководство на СДСМ, велат од партијата на власт како реакција на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека СДСМ се менува постојано за уште подобро да им служи на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ сè уште е заглавена во режимската матрица“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ порачуваат дека додека нивната партија продолжува да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

„Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Зоран Ставревски не можат да понудат ништо ново, ништо добро за граѓаните, тие се дел од режимот кој 11 години ги малтретираше граѓаните. Дури и самиот Мицкоски беше дел од режимот како десна рака на Никола Груевски, менторот кој го инсталираше во фотелјата во белиот дворец“, порачуваат од СДСМ и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која работи против интересите на граѓаните.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради заевизмот во КОВИД пандемија, Македонија е на врвот по смртност

Објавено пред

Лошите политики и мерки на заевизмот во време на пандемијата со КОВИД доведоа Македонија да биде меѓу 6-те во светот по смртност.

Задоцнетите и лоши мерки направија над 8.100 граѓани на Македонија да го изгубат својот живот, што е рамно на една средно голема општина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека неодговорноста и несериозноста на власта на заевизмот, направи Македонија во Европа да е црна КОВИД точка и затоа земјата е рангирана како земја со висок ризик од КОВИД-19.

Наместо здравството на Филипче, Заев и Ковачевски да спречува ширење на брановите на КОВИД вирусот, тие се водеа од политика или пак воведуваа нелогични мерки. Лошото менаџирање, отсуството на стратегија и план за справување со КОВИД пандемијата граѓаните скапо го платија

За жал Заев и Филипче, а и пиунот Ковачевски во текот на целиот период не направија ништо ваквите лоши практики да се променат и да се подобрат. Напротив граѓаните сега речиси и да немаат можност во јавното здравство да направат ПЦР тест. Само 20 до 25% од тестовите се направени во јавното здравство, а останатите 75-80% се прават во приватни здравствени установи и тие чинат илјадници денари по тест, се вели подоле во соопштението.

Поразителна е информацијата дека граѓаните во Македонија досега платиле околу 30 милиони евра за тестирање во приватни лаборатории затоа што во државните нема термин.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека за ова катастрофално менаџирање со КОВИД кризата, никој не понесе одговорност. Напротив неспособниот Филипче беше заштитуван, се до моментот кога не беше заменет поради партиско политички пазар. Сепак последиците од лошото менаџирање на заевизмот остануваат, а за жал гледаме дека немаат абер ниту да се променат погрешните политики кои граѓаните скапо ги чинат.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Арсовска со нејзиното неработење им нанесува штета на скопјани и на Скопје

Објавено пред

Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

Прекинувањето на проектот за бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој, е нејзината прва штетна одлука.

Од партијата наведуваат дека годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за удомување 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП „Градски паркинг“ и постави бивш разузнавач, кој не е компетентен за функцијата.

Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.

Наместо бесплатен јавен превоз, ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Наместо проекти, решавање проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација во Град Скопје и оправдувања за нејзиното неработење, се вели во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ и Ковачевски прифаќаат диктати од Бугарија за промена на македонскиот Устав

Објавено пред

Од првиот ден на Владата на пионот Ковачевски продолжија националните понижувања исто како да ја води Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула.

Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да ѝ порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет, стои подолу во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, затоа мора да биде поразен на избори што побргу.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија14 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија15 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија17 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија18 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија20 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија21 час

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа22 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија1 ден

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет1 ден

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија1 ден

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија1 ден

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија2 дена

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија2 дена

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет2 дена

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт2 дена

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Досие