Контакт

Соопштенија

СДСМ: Со законот за ЈО нема скриена амнестија

Објавено пред

Не успеа мисијата на Мицкоски да го одбрани криминалот на својот шеф Груевски, со законот за ЈО нема скриена амнестија и има правда за сите, велат од Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение.

„Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, не успеа да го реализира налогот на својот шеф од Будимпешта.

И покрај сите блокади, запирања, противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот.

Законот за Јавно обвинителство важен за правната држава, важен за европската иднина, влезе во собраниска процедура.

Со него нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите.

Законот за Јавно обвинителство значи правна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски.

Пратениците во Собранието треба да се стават на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаат за ова законско решение, да се постигне потребното мнозинство во Собранието.

Да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава“, нагласува СДСМ во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги гасифицираме медицинските центри

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ која очекува победа на претстојните избори, ветува дека по формирањето на владата ќе почне со реализирање на проекти за доброто на граѓаните.

Еден од проектите кои што ќе бидат приоритет на наредната влада, велат од партијата, ќе биде гасификацијата.

„Домаќинствата и медицинските центри ќе бидат гасифицирани, се со цел намалување на загадувањето кое во изминатите години се забележуваше во институциите. Приоритетни медицински центри кои ќе бидат први гасифицирани се Клиничкиот Центар во Скопје, болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Котларите кои во најголемиот дел од болниците долги години наназад претставуваа загадувач, сега ќе бидат во функција на болниците без при тоа да се загадува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Додаваат дека се обврзуваат по 12-ти април со сиот свој капацитет да се заложи за подобрување на здравствениот систем во Република Македонија, како и модернизирање на болниците и болничките капацитети кои се од огромно значење на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократски сојуз: Со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните.

Од оваа партија апелираат Јавниот обвинител во соработка со МВР и другите институции доследно да ги применуваат законските овластувања:

– Прво, разговорите да се користат за проверување на изнесените работи преку собирање информации, факти и докази, како и за покренување  соодветни постапки;

– Второ, да се поведува постапка за неовластено снимање разговори;

– Трето, да се поведува постапка за тие што неовластено објавуваат тајно и нелегално снимени разговори.

Од Демократскиот сојуз негласуваат дека се за заштита на јавниот интерес и поддржуваат објавување разговори со кои се разоткриваат криминални активности, но, како што велат, мора да постои и одговорност за злоупотреба на приватноста за политички цели.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: По победата на изборите ќе реализираме целосна гасификација

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која очекува победа на претстојните избори, најавуваат дека по 12 април, кога ќе ја формираат новата Влада, ќе следи обнова која ќе значи почист воздух и повеќе здравје за граѓаните.

Велат дека еден од клучните приоритети на новата Влада ќе биде животната средина и чистиот воздух.

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат. Тоа подразбира намалување на загадувањето за 50 проценти. Оваа ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање услови гасот да биде достапен до секое домаќинство и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и негово користење од државните институции, како и од компаниите кои се загадувачи.

Истовремено новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во зелени екопроекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојбата сега. Почист воздух за повеќе здравје.

ВМРО-ДПМНЕ обврзува на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата, за првпат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци, којшто ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостиг да биде испорачана до потрошувачите, со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

По 12 април ќе дојде обновата на Република Македонија. Обновата ќе значи повеќе за секој граѓанин на Република Македонија“, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

(Видео) САД: Добил отказ во пивара, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пивара на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа58 минути

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија1 час

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати дрвја на  локации од невремето...

Македонија11 час

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион13 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија16 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија17 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија20 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет21 час

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија21 час

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион21 час

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион23 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа23 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава23 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија1 ден

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија1 ден

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија1 ден

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт1 ден

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија2 дена

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Досие