Контакт

Соопштенија

СДСМ со реакција до Арсовски: Незаконското прислушување и селективната правда беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Незаконското прислушување на граѓаните и грубото кршење на нивните права беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време заврши, реагираа од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО- ДПМНЕ.

„Денес човековите права и слободи се почитувани и гарантирани, нема нелегално следење на комуникациите на граѓаните, а надлежните институции постапуваат независно и во служба на законите. По јавно допрен глас, надлежните иснтитуции експресно реагираа и случајот со градоначалникот на Демир Хисар веќе се истражува низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе  даде одговори на сите прашања, вклучително и на прашањето за евентуална одговорност“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата исто така додаваат и дека времето на неказнивост и селективна правда завршило со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска секој кој постапува незаконски, велат од СДСМ, одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност.

Соопштенија

СДСМ: Владата со низа мерки дејствува за намалување на загадувањето

Објавено пред

Ниту една иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прикрие нејзината директна одговорност за непреземањето ништо цела деценија, за системски уништеното зеленило, за криминалните тендери што резултираа со екстремно загадување на воздухот, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Никола Мицевски од опозициската партија, кој соопшти дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата денеска во Собранието поднеле информација за загадувањето на воздухот.

Оттаму истакнуваат дека аерозагадувањето останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ, која, како што велат, за разлика од лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со надлежните институции, Град Скопје и општините, почнала системско решавање на долгогодишниот проблем, кој, според нив, претходната власт го игнорирала со години.

„Со усвоениот план за чист воздух 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека Град Скопје вовел и неколку градски електрични автобуси и автобуси на гас, а како што велат, веќе е планирана и набавка на нови 40 еколошки градски автобуси за в година, со што старите кои претставуваат големи загадувачи би се исфрлиле од употреба.

Ова се само дел од мерките што се спроведуваат и ќе се спроведуваат со цел загадувањето двојно да се намали веќе в година, наведуваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Јанакиески и Божиновски не ги прекршиле одредените мерки за претпазливост, судството мора да се ослободи од спрегите и притисоците

Објавено пред

Апелациониот суд мора да се издигне над политичкиот притисок и нарачани притвори мотивирани само од политичкиот прогон што се спроведува врз опозицијата, а во насока на покривање на грешките на власта, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според сите правни аргументи, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, вели Стоилковски, цело ова време додека траат политичките судења со ништо не ги прекршиле одредените мерки за претпазливост на судот. А периодот на изречени мерки не е кус, не е една недела, не е еден месец, се работи за 18 месеци, една и пол година, период во кој двајцата ги почитуваат мерките, редовно се јавуваат во судот, редовно одат на судските рочишта, редовно се достапни за органите на прогонот, вели Стоилковски.

„Нека посочат и нарачателите и барателите, но и судиите, дали Јанакиески и Божиновски во целост ги почитувале изречените мерки? Дали имало еден петок во кој двајцата не се јавиле на суд? По една и пол година редовно исполнување на обврските, судиите во Апелација мора да ги земат предвид фактите, а не да ги потврдуваат одлуките кои се само и само во насока на Кацарска судот и партиските обвинителства, напишани од истиот центар, со кои се докажува политичката, а не правосудната одлука за притвор“, изјави Стоилковски.

Во име на демократијата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, судството мора да се ослободи од спрегите и притисоците на Зоран Заев и да работи врз база на аргументите, а аргументите велат дека ниту Јанакиески ниту Божиновски имал намера да замине и да го напушти своето семејства, изјави Стоилковски и додаде дека токму затоа судот мора да ги исправи направените грешки и да ги прифати аргументите на одбраната изнесени во жалбата за укинување на притворот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Владата системски го решава проблемот со загадувањето, кој претходниците само го влошуваа

Објавено пред

Борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ за разлика од онаа на ВМРО-ДПМНЕ кога уништувањето на сè што е здраво и зелено беше приоритет, велат од владејачката партија како реакција на соопштението со кое од ВМРО-ДПМНЕ побараа Владата да ги прифати нивните итни мерки против загадувањето.

Како што велат од СДСМ, криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ претходно расипнички ги трошеле парите на граѓаните на барок, луксуз, споменици и криминални тендери, граделе неплански и системски го уништувале зеленилото.

Оттаму истакнуваат дека Владата ќе ги засили инспекцискиот надзор и контролата, а ќе ја субвенционира и набавката на еколошки автомобили.

„Со усвоениот план за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава и дека чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија3 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион3 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток4 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија4 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија4 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија5 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија5 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија5 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион7 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија7 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија8 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија10 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија10 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија21 час

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт22 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести1 ден

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија1 ден

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет1 ден

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Досие