Соопштенија
СДСМ: Со СДСМ платите растат, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на зголемувањето на минималната плата

Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците, велат од владејачкиот СДСМ.
За неполни пет години, појаснуваат од таму, минималната плата е зголемена од 9.000 на 15.200 денари, односно над 6.000 денари.
„И не застануваме тука, во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми. И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата. Трајко Славески, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје, повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата. Ништо ново од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните“, е истакнато во писмената реакција од СДСМ.
Јасна е разликата, велат од таму, дека ВМРО-ДПМНЕ е против повисока минимална плата, против работниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски до Ковачевски: Уставните измени ставете ги на седница следната недела, ајде на избори и соочување со народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Тетово им понуди на Владата на СДСМ и на Димитар Ковачевски на следната седница на Собранието веднаш да се стави на дневен ред предлогот за уставните измени додавајќи дека доколку власта собере 80 пратеници, тогаш тој ќе го исполни ветувањето и трајно ќе замине од политиката, а доколку не, тогаш Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори.
Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на Уставот и дека доколку се случи такво нешто, ќе заминам трајно од политиката затоа што има полна доверба во сите нив, потенцира тој.
Еве, денеска, ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до Владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски, веднаш откога парламентот, односно парламентарците, ќе се вртат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија. И доколку тој собере 80 пратеника, јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника, да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија? Имено, според препораките, цар Самуил, светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, наместо македонски, ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот што тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од сѐ што е македонско и прифатија цар Самуил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум Охридски твореле во бугарска држава.
Препораките на Комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажуваат од македонската историја и македонскиот идентитет.
СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.
Наместо да излегуваат на прес-конференции и да даваат паушални изјави и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи, се вели во соопштението.
Економија
СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, велат од СДСМ утрово преку соопштение.
„Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.
Ова ќе значи отворање нови работни места, воведување нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.
Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија „Некст е.го мобиле“ е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, се наведува во соопштението на СДСМ.