Контакт

Соопштенија

СДСМ: Со стопирањето на изградбата на мостот на Вардар, Арсовска им нанесува штета на скопјани и Скопје

Објавено пред

Од владејачкиот СДСМ реагираат дека градоначалничката Данела Арсовска од само за неа познати причини, како што додаваат, на штета на скопјани решава да ја запре изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, капитален проект, кој го намалува сообрќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и во Гази Баба.

Според СДСМ, мостот е особено значаен за граѓаните на Аеродром и Гази Баба, со олеснување на движењето се намалува сообраќајот, а тоа директно влијае и на намалување на загадувањето.

„Данела Арсовска од самиот почеток на својот мандат покажува несериозно, неодговорно и нечесно однесување кон граѓаните на Скопје. Нема оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а тие покажаа дека, освен што поништуваат и стопираат капитални и важни проекти, немаат намера да сработат ништо. Да се биде градоначалник на Скопје, значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи, разрешуваат директори и да се стопираат проекти“, се истакнува во партиската реакција.

Скопјани, посочуваат од партијата на власт, не заслужуваат градоначалничка што не работи за Скопје, градоначалничка, која, наместо да вложува во развој, прави сѐ за да го спречи напредокот.

Македонија

За викенди и на државни празници бесплатен паркинг кај Домот на печатот

Објавено пред

Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ ги известуваат граѓаните дека поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б (Дом на печат – Средно Водно), за време на викендите (сабота и недела) и на државни празници на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати.

Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и на државните празници ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

Град Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да ги чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да прекине да опструира, избори нема да има

Објавено пред

И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност. Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-Народна партија: Македонската длабока држава нема намера за позитивно решение со Бугарија

Објавено пред

И покрај тоа што новиот бугарски премиер Кирил Петков дојде во Македонија со многу позитивна енергија и со видно изменета реторика и барања, со волја да го затвори ветото и се продолжи напред, македонската длабока држава очигледно нема намера да се има позитивно решение со Бугарија и почнаа со натпревар во измислување на нови проблеми. За жал перјаница на сите нив е г-динот Никола Димитров, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија.

По посетата на добра волја на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски во Софија, пред да го стават ветото, од неколку бугарски функционоиери му било споментато дека главен виновник за ветото е токму г-динот Никола Димитров и прашањето за појаснувањето на краткото име во Обединетите нации.

Впрочем бугарската страна една година го чекала Димитров да испрати нота во ОН за која дури не инсистирале јавно да биде објавена, а во која ќе се каже дека зборот Северна Македонија не се однесува на спорниот бугарски дел односно Пиринска Македонија.

Арогантното однесување на Димитров ги убедило дека токму тоа е намерата со именувањето на Северна Македонија да се направи.

Во тоа време сето ова не беше споделено со македонската јавност исклучиво поради почит кон семејството Димитрови меѓутоа вчера видовме и слушнавме како г-динот Никола Димитров тоа го претставува како свој најголем успех.

Дали човекот има разбрано дека ако ја испратеше таа нота во ОН на време дека немаше воопшто да има вето кон Македонија?!

За жал веќе станува јасно зошто Македонија загуби две години поради кратковидоста на политичар полн со фрустрации од фамилијарниот бугарски комплекс.

После последните интервјуа на г-динот Димитров навистина му препорачуваме да ги прочита колумните и книгите на македонскиот висок интелектуалец Димитар Димитров, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Предлог за македонски амбасадор во Бугарија се очекува во следните денови

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија. „Навистина беше...

Свет2 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет2 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето на нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Имено, од рафинеријата Ла Пампила...

Европа2 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија19 часа

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија20 часа

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија23 часа

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија23 часа

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет1 ден

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија1 ден

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија2 дена

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија2 дена

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 дена

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија2 дена

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија2 дена

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија2 дена

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа2 дена

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија2 дена

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет2 дена

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Досие