Соопштенија
СДСМ: Со 400 милиони евра ги помагаме граѓаните и фирмите во време на криза

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовни шокови и помош на компаниите, соопшти СДСМ.
„Со ефикасната реализација на сетот антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и им помагаме на фирмите да ја сочуваат ликвидноста и да ги задржат вработените. Само со мерката за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари.
Најголем ефект има мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.
Домаќинствата во просек имаат заштеда од 300 месечно со мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно за акцизата. Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го наменува за поддршка на граѓаните и компаниите.
Покрај овие мерки, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат 1.000 денари помош месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедена е поддршка за ранливите категории. СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ остане на власт, до крајот на годината долгот ќе биде над 8 милијарди евра

Долгот во 2017 година беше 4,7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт, до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра. За 5 години, СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Моментно јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70 %. За 5 години, долгот е енормно зголемен, без да има некој проект или инвестиција.
Сите капитални проекти стојат во место. Нема клиничка болница во Штип ниту клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка. Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнира, туку и изгуби чекор со регионот, каде што забрзано се инвестира во инфраструктура.
Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт, долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа, потребни се предвремени парламентарни избори што побргу“, додаваат од опозициската партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за „криминални парцели“: Лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата

И вака оркестрирано обвинителство од СДСМ не можеше да најде ништо спорно кај претседателот Мицкоски, лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на владејачката партија дека во случајот „криминални парцели” вмешани се соработници на Мицкоски.
„Со новите кривични пријави на органите на прогон излезе на површина и виделина дека и вака оркестрираното обвинителство не можеше да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наспроти невистините диригирани од центрите под контрола на СДС.
Да потсетиме, СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести.
СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини.
Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа.
Посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, а другото претставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата.
За разлика од СДСМ јасно кажуваме дека секој кој се огрешил прес законот треба да одговара низ законита и транспарентна постапка“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Скопје
Герасимовски: Позорникарите ќе се грижат за безбедноста на граѓаните во секое маало во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје оствари средба со граѓаните што живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари, кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и поддршка секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така, на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи, како и разговор со позорникарите за секое прашање што ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.
„Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нè заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност“, изјави Герасимовски.
Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192.
Инаку, маалските полицајци позорникари најпрвин ќе се вратат во Општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, личната сигурност и заштита на имотот на граѓаните, спречување извршување казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.