Контакт

Соопштенија

СДСМ: Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ се спроведуваа во судството 11 години

Објавено пред

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството 11 години се спроведуваа, реагираат од СДСМ на обвинувањата дека вработувањата во СЈО се вршеле според роднински врски.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизмот и партизацијата на институциите, особено во судството и нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема. Да ја потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на дел од бројните случаи на непотизам. Ексминистерот за правда Михајло Маневски, кој и денес е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направија најголема ‘фамилијаризација’ на правосудните институции. Олгица Павловска –судиката во Основниот суд Штип, е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски. Јово Вангеловски, кум на Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РСМ , беше избран за претседател на Врховен суд.

Маја Маркова-Котевска, сопругата на Иво Котевски, портпарол на МВР е судија во Основен суд Скопје 2, ќерка на Љубинка Муратовска поранешен член на Врховен суд и актуелен член на антикорупциската комисија и сестра на Серјожа Марков, дежурен адвокат на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, е изворот на срамниот непотизам и партизација.

„Покрај тоа што нема кредибилитет да зборува на темата, во јавноста шири и дезинформации и лаги. Потврда за тоа е наведувањето дека син на Игор Милев, кумашинче на Лиле Стефанова бил вработен во СЈО. Лаги од овој тип веднаш се проверуваат и потврдуваат, Игор Милев нема син. ВМРО-ДПМНЕ останува да биде заробена во матрицата на груевизмот, на лаги, измислици и вештачки креирани случаи“, велат од СДСМ.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Полицајци блиски до Чулев и Мицкоски наместо да прават контроли, прекршуваат забрани

Објавено пред

Седуммина полицијаци блиски до Наќе Чулев и Христијан Мицкоски синоќа ја прекршија забраната за јавни собири, посочи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што рече тој, наместо да го обезбедуват почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната.

„Еве, фотографија на ‘домаќинот’ на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев“, посочи Костадинов и додаде дека јавноста била сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР, во Крушево.

Како што рече партискиот портпарол, таму забраната ја прекршил заменик-командирот на полициската станица, Благојче Димсоски, за кој посочи дека е кадар на Наќе Чулев.

„Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и МВР. Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови. Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните“, истакна Костадинов и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток ќе остане обележана и како партија која направила здравствен пуч.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Илиевски: СДСМ станува носител на коронавирусот во државава

Објавено пред

Неспособноста на надлежните и владејачката структура да воспостават соодветен систем за заштита на здравјето на граѓаните доведе до тоа Македонија да е на врвот по црниот биланс во однос на коронавирусот, изјави на прес-конференција Боро Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев докажал дека здравјето на граѓаните ниту му е приоритет, ниту го интересира.

„Тој зборува само за избори и тера кампања додека раководството на неговата партија или е инфицирано или е во самоизолација“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде дека владејачкиот  СДСМ станува носител на Ковид-19 во државава.

Според Илиевски ситуацијата е алармантна, а Македонија го доживува вториот пик на коронавирусот, кој првично беше најавуван за наесен.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со редиците за субвенции, Шилегов ќе го направи Скопје нов корона-кластер

Објавено пред

Поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов, во Скопје се случува сериозна хаварија, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Секој ден стотици скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона“, се наведува во соопштението.

Од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека субвенциите за тротинети и велосипеди се корисен проект, но, според нив, максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици.

„Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на коронавирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри и хаосот со субвенциите ризикува Скопје да стане нов корона-кластер“, се нагласува во соопштението во кое Советничката група бара веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Комисијата предлага карантин во некои општини од четврток вечер до понеделник наутро

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за повторно враќање на полицискиот час за време на претстојниот продолжен...

Топ1 час

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија2 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија3 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија5 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија5 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет8 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа8 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет8 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет9 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа10 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион22 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет22 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет23 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија23 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија1 ден

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион1 ден

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Досие